„Во хотел со 1000 ѕвезди“ – Данијела Мартиновиќ летува во шатор на скриена плажа, далеку од луксузот и погледите
- Детали
- вторник, 19 август 2025
Додека беше со Грашо го сакаше градот и бучавата, а откако се вљуби во инспекторот Јосип повеќе го цени мирот – пејачката во бикини ужива скромно, во шатор на скриена плажа, бидејќи природата е за неа најголемото богатство.

Данијела Мартиновиќ периодов одмара од ангажманите и ужива во летниот одмор, далеку од рефлекторите.
Додека беше во љубов со Петар Грашо таа важеше за градска девојка која ужива во галамата и градскиот метеж, но откако е со саканиот Јосип, таа е друг човек и повеќе го цени мирот.

На Инстаграм Данијела објави фотки од нејзиното летно бегство и откри дека повторно е во шатор на скриена плажа, сама, без погледи од фановите, ниту од медиумите.

Таа ужива во природата со која е опкружена, приватноста, будењето со поглед на море и ноќевање под ѕвезди – нешто што не се купува со пари.

За разлика од многу нејзини колеги, кои сакаат богатството да го трошат на луксузни хотели и јахти, Данијела ја сака слободата.
„Повторно во хотел со 1000 ѕвезди“ – напиша таа на новата објава, откако пред 10-тина дена објави видео од слична атмосфера, на што го доби овој коментар.
Ова не е првпат пејачката да го помине летото во шатор, таа и пред 2 години сподели дека ужива во шатор на плажа, а се претпоставува дека е ова нејзиното омилено скришно место.

Погледнете повеќе фотки од последната објава на Данијела:








М. М. | Црнобело