Авион се запалил по полетувањето од Крф – пилотите принудно слетале во Италија и спасиле 273 патници (видео)
- Детали
- вторник, 19 август 2025
Викендов, авион со 273 патници се запалил кратко по полетувањето од Крф. По 40-тина минути, пилотите успеале да го слетаат на јужниот дел на Италија, со тоа избегнувајќи вистинска катастрофа. Засега не е позната причината за пожарот.

На грчкиот остров Крф беше избегната вистинска трагедија, откако авион се запалил кратко по полетувањето.
Пилотите реагирале брзо и успеале да го слетаат авионот, со тоа спасувајќи ги животите на 273 патници и осум членови на екипажот.
Инцидентот се случил во саботата (16.08) кога авион од авиокомпанијата Condor Airlines полетал од Крф кон Дизелдорф, Германија.
Речиси веднаш по полетувањето, пилотите забележале дека има некаков проблем со десната турбина и го забележале пожарот. Тогаш авионот веќе бил на височина од околу 10 километри.
Според германските медиуми, авионот бил во воздух околу 40 минути, пред да успее да слета на аеродромот на Бриндизи на јужниот дел од Италија.
Членовите на екипажот и сите 273 патници поминале неповредени.
За германскиот медиум Frankfurter Rundschau се огласиле и двајца од патниците:
„Одеднаш, на неколку секунди во авионот снема струја и сфативме дека веќе не се искачува“.
„Ужасно искуство. Почнав да испраќам пораки, да се зборувам со саканите бидејќи си помислив дека ќе загинеме“.
На Твитер веќе се споделуваат и видеа на кои се гледа пожарот на авионот.
Моментално во тек е проверката на авионот, а како што пренесуваат германските и грчките медиуми, повторно станува збор за Boeing авион.
Лани се случија неколку несреќи со Boeing авиони предизвикани од технички грешки и проблеми, со што 2024-та беше наречена најлошата година за компанијата.
Но, трендот продолжи и годинава, а покрај несреќите без жртви, овде е и авионска несреќа во Индија во која животот го загубија вкупно 260 лица.
Сепак, истрагата за оваа несреќа уште е во тек и не е познато дали одговорноста паѓа на Boeing, пилотите или некој друг фактор.
Иако е важно да се напомни дека не е намалена безбедноста во патувањата со авион, Boeing е во криза и многумина ја губат довербата во компанијата.
Спирова С. | Црнобело