Ана Николиќ претепана од партнерот, објави вознемирувачки кадри со повреди и крв: „Ми ја скрши слепоочницата“

Ана случајот веднаш го пријавила во полиција, каде што дала изјава, како и нејзиниот партнер Рале.
Рале добил забрана за приближување 48 часа, а се чека разрешница на случајот.
Ана кога отишла во полиција била видно вознемирена и кажала дека ја пробила оградата од куќата за да побегне од својот партнер.

Еден од соседите на Рале и Ана изјавил:
„Кај нив често се слушаат врисоци, викање и галама. Ние не се мешаме.
Би било убаво да го почитуваат куќниот ред, ама нивна работа е. Само да нема насилство, тоа не е убаво. Ако не можат заедно - нека се разделат“.

Фановите се загрижени за психичката состојба на Ана и на Инстаграм ѝ пишуваат:
„Боже, колку е таа во тешка состојба... Каде се братот и мајка ѝ? Треба да се освестат и да ѝ помогнат веднаш, додека не стане предоцна.
„Ана, те молам, освести се и послушај ги луѓето кои ти мислат добро. Мисли на своето дете и сврти се кон себе. Многу те сакаме и сакаме да го поминеш ова. Ти можеш. Побарај помош и освести се“.

Вознемирувачкото видео од Ана Николиќ:
С. С. | Црнобело
