„Мрш бре“ - Марија Шерифовиќ со бурна реакција во Кавадарци, откако девојче посака да ѝ го земе микрофонот
- Детали
- вторник, 09 септември 2025
Додека Марија пее на „Тиквешки гроздобер“, девојче од публиката подава рака по нејзиниот микрофон, а Шерифовиќ ја погледнува збунето и од нејзините усни може да се прочита како ѝ вели „Мрш бре“.

Минатиот викенд во Кавадарци се одржа новото издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, а меѓу оние кои настапија беше и Марија Шерифовиќ.
Пејачката, како и секогаш, направи одлична атмосфера, пееше од срце, а во еден момент, придружувана од обезбедувањето, се симна меѓу публиката.
Од тој момент се споделува видео на ТикТок, кое предизвика мешани реакции во јавноста.
Додека Марија пее, девојче од првите редови во публиката подава рака по нејзиниот микрофон, најверојатно со желба да запее со пејачката.

Во тој момент, Марија ги ококорува очите, ја погледнува збунето и изненадено и од нејзините усни може да се прочита како вели „Мрш бре“.
Повеќето ја осудија реакцијата на Шерифовиќ, велејќи дека е надмена и дека тоа не е начин да се комуницира со фановите.
Други, пак, ја бранат, со коментар дека не може некој да си дозволи да посегне сам по микрофонот на пејачот, колку и да е голем фан.
Погледнете го видеото:
@goodboy03210 #marijaserifovic #srbija #makedonija #mrsbre
♬ original sound - Good_boy_
А. Ј. | Црнобело