Јелена Карлеуша критикувана за бизарниот аутфит со розова перика: „Евтино, како кукла на дување од ТЕМU“
- Детали
- петок, 10 октомври 2025
„Евтина си“, „Најлошиот аутфит што го облекла на сите времиња“, „Колку е постара, толку е полуда“, „Како стриптизета“ - се дел од бруталните коментари на сметка на Карлеуша, која дојде во бизарна облека на снимањето на „Пинкови ѕвезди“.

Јелена Карлеуша се врати на голема врата на српската телевизија Пинк, откако неколку години беше „во војна“ со сопственикот на телевизијата Жељко Митровиќ.
Од неодамна таа е дел од жирито на музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“, во кое се и дел од нејзините екс-колеги од „Ѕвездите на Гранд“.

Јелена, на снимањето на шоуто постојано доаѓа во скапи дизајнерски парчиња, но овој пат се појави во бизарен аутфит - таа носеше сребрен корсет со светки, златни сандали на високи потпетици и розова перика „со очи и уши“ во стилот на јапонските anime ликови.
Бидејќи нема Инстаграм, таа на Твитер објави неколку фотки од студиото на Пинк, со коментар: „Розовите соништа се направени од ова“, алудирајќи на хитот на Eurythmics, Sweet Dreams.

И како многупати претходно, јавноста го искритикува и исмеа нејзиниот моден избор.
„Кукла на дување од TEMU“,
„Евтина си“,
„Ужас, евтино, катастрофално. Тука дури и не е лошо зашто е фотошопирано, но фотките од интервјуата - тага, чемер и јад, сè во едно“.
И на Инстаграм се споделуваат видеа од нејзиното доаѓање на снимањето, со прашањето „Како ви се допаѓа аутфитот на Јелена?“.
Одговорите, се слични како и на Твитер, дури и побрутални:
„Бог да чува“,
„Најлошиот аутфит што го облекла на сите времиња“,
„Колку е постара, толку е полуда“,
„Како стриптизета“,
„Срам за женскиот род“ - пишуваат во коментари.

Сепак, има и такви кои ја бранат.
„Што и да кажете за неа, жената е згодна и сè може да износи“.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело