Србинка е хит на Инстаграм со шегите за „совршените“ мајкички со „пресовршени“ деца (видеа)
- Детали
- петок, 10 октомври 2025
На шармантната Марта Ловиќ (34) од Србија мета ѝ се мајките „светици“ кои (наводно) имаат најсовршени деца што зборуваат 5 јазици и се интелектуално надмоќни над другите. Плус, сè постигнуваат со леснотија.

Марта Ловиќ (34) од Србија е водителка, комичарка и инфлуенсерка, која е хит на Инстаграм.
Таа со сопругот и синот снима забавни видеа од секојдневието, а во последно време омилени и се темите околу мајчинството.

Марта прави шеговити видеа на тема мајките „светици“ кои имаат најсовршени деца што зборуваат 5 јазици и се интелектуално надмоќни над другите.

Плус, оние кои се фалат дека со леснотија постигнуваат сè и не ја прикажуваат реалната страна околу тешкотиите на мајчинството.