Ја бакнува ќерка ѝ во уста, сечат торта со пила - Беквалац ја собра цела естрада на забавата за новиот албум (фото+видео)

Наташа Беквалац модно издоминира како кралица и божица во бело, со ќерката Хана сечеа торта со моторна пила и се бакнаа во уста, ја расплака својата мајка и сестри додека ја пееше песната „Мама“, а меѓу гостите беа Пријовиќ, Сара Јо, Ацо Пејовиќ и многу други кои останаа воодушевени од спектакуларната забава за промоција на албум што ја приреди пејачката.

bekvalac-napravi-spektakularna-promocija-na-album-ja-baknuva-kjerka-i-vo-usta-i-sechat-torta-ja-sobra-cela-estrada-foto-video-01.jpg

Наташа Беквалац вчеравечер го промовираше албумот „Мама“ на спектакуларен настан, каде уште еднаш покажа зошто за многумина е омилена пејачка на домашната сцена.

На промоцијата таа стилски издоминира и блесна во дводелен бел комплет со здолниште и кроп-топ, со огромна наметка и бели ракавици кои прават да изгледа како модна кралица.

bekvalac-napravi-spektakularna-promocija-na-album-ja-baknuva-kjerka-i-vo-usta-i-sechat-torta-ja-sobra-cela-estrada-foto-video-02.jpg

Просторот беше впечатливо и уникатно декориран, со бели завеси насекаде, на кои беше испишано „Мама“ или дел од стиховите на песните, но и скулптури и многу свеќи, а додека пејачката се движеше и настапуваше многумина ја доживуваа како божица.

bekvalac-napravi-spektakularna-promocija-na-album-ja-baknuva-kjerka-i-vo-usta-i-sechat-torta-ja-sobra-cela-estrada-foto-video-03.jpg

На настанот присуствуваше целото нејзино семејство, родителите, двете сестри и ќерките Хана и Каја, кои се нејзина најголема поддршка.

Таму таа за првпат ја изведе „Мама“, песна во која важна улога имала и нејзината мајка, која скришно се расплака, а атмосферата беше исполнета со тон емоции за сите присутни.

Во текот на вечерта, додека во позадина свири истата песна, Наташа и нејзините две сестри Кристина и Драгана позираа, а потоа долго се прегрнуваа и покажаа колку е силна нивната женска енергија во семејството.

Ќерката Хана се врати од Мадрид каде студира, за да биде со мајка си оваа вечер, а заедно ја пресекоа големата торта со моторна пила и неколкупати Наташа со мајчинска љубов ја бакна во уста својата првенка.  

Помеѓу гостите, освен семејството и пријателите, беше присутен и голем дел од српската естрада, меѓу кои Ацо Пејовиќ, Александра Пријовиќ, Гога Секулиќ, Анабела, Сара Јо, беше забележана и Данијела Димитровска која освојува со својата појава и уште многу други познати личности.

Повеќи фотки и видеа од атмосферата на настанот на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...
Наводно има долгови, живее нов живот во Дубаи – Што прави бившиот на Марија Микиќ, по разводот и сол... Точно пред да објават за разводот, тој сподели снимка на која танцува со ќерка м...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...

Најчитани неделава