Афера со оженет маж, разголени видеа од кои ќерка ѝ се срамеше - Животот на Снежана Савиќ, една од најубавите Југословенки
- Детали
- сабота, 01 ноември 2025
„Бјелогрлиќ се бакнува најдобро од актерите. Со него се бакнував вистински. Не беше договор, излезе надвор од контрола“ - вели Снежана Савиќ, која и на 72 години зрачи со шарм и убавина.

Снежана Савиќ и на 72 години важи за една од најубавите жени во поранешна Југославија.
Секогаш дотерана и грациозна, таа сè уште е синоним за елеганција и стил, а каде и да се појави, привлекува внимание.
Иако сними неколку познати песни, меѓу кои и Tri poljupca za sreću, Topolska 18, Nova ljubav, сепак вистинската популарност ја стекна како актерка во сериите Bolji život, Srećni ljudi и Porodično blago.

Зад себе има еден пропаднат брак и ќерка, Анита Лазиќ, која во една прилика изјави:
„Многу ми пречеше тоа што мајка ми се соблекуваше пред камерите, се срамев и често поради тоа не одев на училиште“.
Ќерката на Снежана Савиќ, Аница
Снежана, пак, неодамна призна и дека имала афера со оженет маж, но и дека се кае поради тоа.
„Ќе горам во пеколот. Се каам, искрено се каам, ако постои Господ, се молам да ми прости. Некои работи не требаше да ги правам. Забрането овошје - не. Нема потреба.
Кај мене не беше причината да пробам да добијам нешто што немам, мене, едноставно, ми се случи некоја енергија која проработи. И тие луѓе, кои објективно не беа ни убави ни згодни, за мене имаа сосема поинаков лик.
Рационално не приоѓав, но одиш некако по некој инстинкт - фатално ќе се загледаш во некој што те привлекува“ - вели Снежана.
Кликнете на видеото за да го погледнете:
Што знаеме за животот на Снежана Савиќ?
Актерката е родена на 3 март 1953 во Велика Плана.
Завршила факултет за драмски уметности во Белград, а студирала заедно со Лазар Ристовски, Богдан Диклиќ, Злата Петковиќ.
