Афера со оженет маж, разголени видеа од кои ќерка ѝ се срамеше - Животот на Снежана Савиќ, една од најубавите Југословенки
Првата улога ја добила во 1975, во телевизискиот филм Ignjatović protiv Gebelsa, а веќе следната година ја доби улогата на Коштана во истоимената серија.
Музичката кариера ја почна на почетокот на осумдесеттите, а во 1983 го сними и првиот албум.

Запрашана кој од актерите се бакнува најдобро, таа го издвои Драган Бјелогрлиќ.
„Зависи до каде одите и дали е вистински бакнеж. Со Бијела се бакнував вистински. Не беше договор, излезе надвор од контрола, а и тој е таков човек, сака да глуми искрено, претпоставувам“ - рекла.

Се омажи за режисерот Драгослав Лазиќ, со кого ја доби ќерката Анита.
Откако се разведоа, Снежана, призна дека иако секогаш сакала да има неколку деца, решила дека не треба да роди уште едно.
„Жал ми е што не родив уште деца, но не сакав да ги мешам ‘авторите’. Секогаш си мислев дека откако не успеа мојот брак, не би требала да се впуштам во мајчински води со некој друг, поради Анита.
Се плашев од лошите последици и што би можела да преживува таа, не сакав да ѝ создавам конфузија“, рекла Савиќ во една пригода.

За разлика од неа, нејзиниот поранеше сопруг се прежени со 32 години помлада актерка, па на свои 76 години доби близнаци.
Тој почина во октомври 2024-та.

А. Ј. | Црнобело