Родена е во Русија, потекнува од Монголија: Српската претставничка на Мис Универзум ја подели јавноста

Деновиве претставничката на Србија за Мис Универзум предизвика лавина реакции поради нејзиното монголско потекло. Додека некои имаат само комплименти за убавицата, други коментираат дека има и убави Србинки кои можат да одат на натпреварот.

rodena-e-vo-rusija-poteknuva-od-mongolija-srpskata-pretstavnichka-na-mis-univerzum-ja-podeli-javnosta01.jpg

На 21-ви ноември, во Тајланд ќе се одржи годинашното издание на Мис Универзум, а земјите ширум светот со полна пареа ги избираат своите претставнички.

На 19-ти октомври, беше претставена и Мис Србија, но сега почнаа да се редат критики за изборот.

Годинашната претставничка на Србија е Јелена Егорова, но покрај честитките, многу Срби коментираат дека не е соодветен избор бидејќи не е Србинка, туку има монголско потекло.

„Жена со сила, емпатија и храброст, Јелена е олицетворение на духот на Србија…

Нејзината убавина не е во совршеноста, туку во целта. Нејзината моќ не е во славата, туку во добрината.

И нејзиното патување не е само нејзино, тоа е гласот на Србија, кој одекнува низ Универзумот со гордост и надеж“, стои, меѓу другото, во описот на официјалниот Инстаграм профил на Мис Србија.

На оваа објава, повеќето коментари се честитки и комплименти за убавицата.

Но, на заедничка објава со Мис Универзум, се забележуваат и критики.

„Па ние не можеме да испратиме ни мисица како што треба“.

„Сериозно? Зборува ли српски?“

„Девојката не е од Србија“.

„Убава е, но не е Србинка, ниту е родена таму. Што се случува?“

„Убава е, но има и многу убави Србинки кои можеле да нè претставуваат“.

„Потекнува од Јакутија, исто како мене и е вистинска убавица. Но, бев шокирана кога ја слушнав веста. Србија треба да ја претставува Србинка“.

Сепак, некои коментираат дека убавината не знае за граници, па не е важно од каде потекнува девојката.

Инаку, според српските медиуми Јелена е родена во Јакутија – област во источниот дел на Русија. Нејзините родители, пак, потекнуваат од Монголија, а се преселиле во Русија во 1980-тите.

Јелена има 28 години, студирала во Москва, а веќе една деценија е активна во светот на модата.

Пред Мис Универзум, Јелена ја има претставувано Монголија на друг натпревар за убавина – Miss Grand International.

Некои српски медиуми шпекулираат дека по бурните реакции на јавноста, Србија ќе се повлече од изборот.

Сепак, од организацијата уште нема најавено нешто вакво.

Повеќе фотки од Јелена во продолжение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција среде ноќ + Сите нејзини пријави за насилство к... Јелена Карлеуша го пријавила поранешниот сопруг Душко Тошиќ поради упад во вилат...
Јелена Карлеуша (46) се огласи по потсмевот кон неа од бившиот Душко Тошиќ (40): „Не е секој за семе... „Неговата објава ми ја покажаа ќерките. Тоа покажува колку беше грдо и непромисл...
Јелена Розга за здравствените проблеми: „Шеќерот знае да ми ‘полуди’ додека сум на бина - морам да ј... „Ме ставија на терапија. Всушност, имам инсулинска резистенција и шеќерот ми ‘по...
Новак Ѓоковиќ призна дека ја „украл“ сопругата Јелена од негов пријател: „Добар е, денес има свое се... Во интервју со Пирс Морган, Новаќ Ѓоковиќ потврди дека дознал за Јелена од негов...

Најчитани неделава