Владо Георгиев (49) никогаш поемотивен: „Татковци - ќерки, тоа е еден неверојатен однос, би сакал да имам 6 ќерки“

„Ќерките се прекрасни и тоа е неверојатен однос татковци – ќерки, тоа е петта димензија, особено додека се многу мали. Нема нешто што со тоа може да се спореди“, емотивно вели Владо Георгиев.

vlado-georgiev-49-nikogash-poemotiven-tatkovci-kjerki-toa-e-eden-neverojaten-odnos-bi-sakal-da-imam-6-kjerki-01.jpg

Владо Георгиев (49) живее во полн здив и периодов одржа низа концерти, но секогаш успева да посвети време и на саканата Милица, но особено на нивните две ќерки, кои му се слабост.

Во српската емисија „Прв ред“ тој проговори за специјалниот однос кој го имаат татковците со своите ќерки.

vlado-georgiev-49-nikogash-poemotiven-tatkovci-kjerki-toa-e-eden-neverojaten-odnos-bi-sakal-da-imam-6-kjerki-05_2.jpg

Владо Георгиев вели:

„Ако ги откачувате и разочарувате децата постојано, тие на тоа се навикнуваат. Така што јас се обидувам да не го правам тоа, особено затоа што имам девојчиња.

Инаку би сакал да имам уште деца во животот... И да имам и 6 ќерки нема да ми биде никаков проблем.

vlado-georgiev-49-nikogash-poemotiven-tatkovci-kjerki-toa-e-eden-neverojaten-odnos-bi-sakal-da-imam-6-kjerki-09_2.jpg

Ќерките се прекрасни и тоа е неверојатен однос татковци – ќерки, тоа е петта димензија, особено додека се многу мали.

Нема нешто што со тоа може да се спореди.

Но, баш затоа и велам, девојчиња се и јас морам да бидам многу благ со нив и да ги учам да бидат дами и не смеам на нив никогаш остро да реагирам“.

На тема новогодишните празници тој во друга пригода изјави:

„Се случувало сите четворица заедно да ја китиме елката, но најчесто тоа им го препуштам на Милица и ќерките. Тие навистина уживаат во тоа.

Сега, додека се китеше елката, јас се занимавав со концертите“.

vlado-georgiev-49-nikogash-poemotiven-tatkovci-kjerki-toa-e-eden-neverojaten-odnos-bi-sakal-da-imam-6-kjerki-002.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Владо Георгиев на гала настан со 15 години помладата партнерка - Ретко појавување на Милица во јавно... Коментарите на социјалните мрежи се дека се преубав пар, но има и такви кои вела...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Мина, девојка од Србија со цистична фиброза едвај преживеа, па пронајде љубов и сега стана мајка: „Ч... „Така болна мајка роди толку здраво дете... И ти стана мојот најголем доказ дека...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...

Најчитани неделава