Владо Георгиев (49) никогаш поемотивен: „Татковци - ќерки, тоа е еден неверојатен однос, би сакал да имам 6 ќерки“
Владо во 2026 година ќе го прослави јубилејниот 50- ти роденден, па проговори како се чувствува во врска со тоа...
„Одамна сум оформен како личност и не сум се променил многу. Можеби сум дури и малку посмирен и поопуштен отколку порано. Годините се само број.
Повеќепати сум рекол дека познавам многу стари луѓе со малку години и многу млади луѓе кои имаат многу години.
Прашање е дали човек се грижи за себе и дали неговиот дух се одразува на телото и на лицето. Во изводот од матичната книга може да пишува педесет, а вашето тело да функционира како да имате триесет, а умот можеби како да имате 25 или 40.
Од друга страна, може да имате триесет, а да не можете да истрчате сто метри, да сте мрзливи, лошо расположени – едноставно, вие имате сто години, само што тоа никој не ви го напишал“.

Кликнете за да ја слушнете неговата изјава за ќерките:
Прочитајте и Прво раскинаа, па пред матичар си рекоа „не“ - Што знаеме за 15 години помладата партнерка на Владо Георгиев?
С. С. | Црнобело