Бившата девојка на Саша Ковачевиќ му дојде на концерт - се дружеше со него зад сцената, седеше зад свршеницата
- Детали
- четврток, 18 декември 2025
Додека Саша ја пееше „Лапсус“, неговата поранешна љубов Јована, со која многумина мислеа дека ќе се венча, сними видео и напиша дека тоа е песната која засекогаш ѝ го сменила животот.

Јована Јоциќ, најголемата љубов на Саша Ковачевиќ пред да ја запознае Зорана, беше меѓу гостите на неговиот прв концерт во Белград.
Таа дојде со неколку другарки и седеше во првите редови, веднаш зад свршеницата на Саша, а потоа заедно беа да го поздрават пејачот и зад сцената.

Нејзиното појавување предизвика големо внимание, бидејќи парот беше заедно околу 4 години, живееја заедно и во тоа време многумина очекуваа дека ќе стапат во брак.
Но во 2017 година, секој тргна по својот пат.

Причината за раскинувањето, наводно биле честите караници поради работата на Јована, која работела како стјуардеса и постојано била отсутна од дома.
По ова, таа почна да се гледа со музичарот Владан Савиќ од „Магла бенд“, со кого доби и ќерка, а Саша ја запозна Зорана, со која се сврши пред неколку месеци.

Но, се чини дека Саша и Јована останале во добри односи или низ годините нашле начин да бидат пријатели, па таа го бодреше пејачот од првите редови на неговиот прв концерт во Сава Центар.
Таа објави неколку Инстаграм Стори на кои игра и ги пее неговите песни.

И додека Саша ја пееше „Лапсус“, Јована сними видео и напиша дека тоа е песната која засекогаш ѝ го сменила животот, а на следното стори, додека заедно со него и целата публика ја пее „Живим да те волим“, ги покани тие што го пропуштиле првиот да дојдат на вториот концерт и да видат каков спектакл направил Ковачевиќ.

По завршувањето на концертот, Јована и нејзините пријателки беа и зад сцената, каде што се фотографираа со Саша.

Прочитајте и Се засрами од новинарите, даде прва изјава - Свршеницата на Саша Ковачевиќ блесна на неговиот концерт во Белград
А. Ј. | Црнобело