Едната има 280 станови, другата ќе го наследи „пола Белград“ - Кои се трите најбогати ќерки во Србија?
- Детали
- четврток, 01 јануари 2026
Пораснале опкружени со изобилие и во луксуз и се наследнички на најбогатите српски семејства. Две од нив не сакаат да се експонираат, а третата живее раскошен живот со кој се фали. Кои се трите најбогати ќерки во Србија?

Ема Цептер и Александра Поповиќ водат дискретен живот и ретко се појавуваат во медиумите, а Ѓина Џиновиќ сосема спротивно - секојдневно се експонирана на социјалните мрежи и отворено го покажува својот гламурозен животен стил.
Што знаеме за трите најбогати ќерки во Србија?
Ема Цептер
Ема Цептер, е посвоената ќерка на Филип Цептер, еден од највлијателните бизнисмени во регионот.
Неодамна наполни 25 години.
Дипломирала психологија на еден од престижните лондонски универзитети.
Иако пораснала во едно од најбогатите семејства, таа не сака да се фали со своето богатство на социјалните мрежи.

Семејната вила во Дедиње, според српските медиуми, го носи нејзиното име, а тоа покажува колку посебно место зазема Ема во животот на нејзините родители, Мадлена и Филип Цептер.
Со години живееше на релацијата Белград-Монако, а во последно време „базата“ ѝ е во Лондон.
Богатството на нејзините родители се проценува на преку 2,6 милијарди долари, а тие поседуваат и голем број имоти.
Поради ова во јавноста се вели дека „таткото на Ема го купил половина Белград“ и дека таа ќе ги наследи сите овие недвижнини.
