Едната има 280 станови, другата ќе го наследи „пола Белград“ - Кои се трите најбогати ќерки во Србија?
Ѓина Џиновиќ
Ѓина е ќерка на народниот пејач Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина.
Таа е многу популарна на социјалните мрежи, каде што често ги покажува своите модни изданија, но и моменти од луксузните патувања и гламурозниот живот.
По разводот од Харис, нејзината мајка Мелина се пресели во Монако, а поради несогласувањата со татко ѝ, Џина се пресели кај мајка ѝ и сега живее таму со неа.

Харис, пак, со години поседува стан во Париз, куќа во Сараево, имот на Бежаниска Коса и вила во населбата Сењак во Белград во вредност од околу два милиони евра.
Мелина, пак, наводно купила и стан во Монако и тоа во истата населба каде што, според медиумите, стан има и Лепа Брена.
Прочитајте и Татко ѝ не ѝ давал да носи градници како мала, сега таа прави корекции и се разголува – Што знаеме за ќерката на Харис Џиновиќ?
Александра Поповиќ
Александра, ќерка на основачот на „Гранд“ Саша Поповиќ, живее во луксуз од раѓање.
Но и покрај тоа никогаш не сакала да се фали со милионите на татко ѝ, па многумина ја нарекуваа „скромната ќерка“ на естрадниот магнат.

Иако семејството поседува бројни станови и автомобили, Александра одамна одлучила сама да заработува пари, а тоа го прави преку изработка на накит.
Откако нејзиниот татко почина, во јавноста се појави информација дека Сузана Јовановиќ, мајката на Александра, во наследство добила вила на Бежаниска Коса, дури 280 станови и 48 продавници во згради кои ги градел Саша (и се на продажба), два стана во Опатија и неколку луксузни автомобили - имот поради кој Александра е една од трите најбогати ќерки во Србија.
Прочитајте и Татко ѝ е милионер, таа заработува со маникир и правење накит: Која е скромната ќерка на Саша Поповиќ?
А. Ј. | Црнобело
