Синот (13) на Северина израсна во тинејџер - Уживаат на скијање во Австрија (фото)
- Детали
- вторник, 13 јануари 2026
„Ние поминавме низ еден тежок животен пат, но тој сега е со мене и израсна во еден прекрасен тинејџер“, изјави пред извесен период Северина, а сега со синот ужива во Австрија.

Северина периодов ужива на скијање во Австрија, а друштво ѝ прават синот Александар, внуката Миа со семејството, како и други пријатели.

Пејачката на социјалните мрежи објави низа фотографии од патувањето, а најмногу внимание привлекоа оние на кои позира со синот.
„Детски радости“, напиша таа.

Нејзините следбеници беа изненадени колку пораснал 13-годишниот Александар.

Инаку, Северина на крајот од минатата година во загрепската Арена ги разнежи фановите со емотивни сцени со својот син, кој следниот месец ќе го прослави 14-иот роденден.

Таа додека ја пееше песната „Rođeno moje“, зад неа се прикажуваа приватни, дотогаш невидени фотографии и снимки со Александар.
„Ние поминавме низ еден тежок животен пат, но тој сега е со мене и израсна во еден прекрасен тинејџер“, изјави Северина во видеото што го објави на Инстаграм.
Кликнете на видеото:
„Бев една од ретките мајки во светот која не смееше гордо да објавува фотографии од својот син.
За среќа, на крајот добив одобрување од најважната личност – моето дете. Одобрување посилно од кој било закон и бирократ. И конечно повторно живееме среќно и убаво“, порача тогаш.
