Северина ја објави најемотивната балада досега - посветена на нејзиниот син (видео)

За новиот хит на Северина, „Rođeno moje“, нејзините соработници велат дека е најдобрата балада што ја снимила досега.

severina-so-nov-hit-rogjeno-moe-e-nejzinata-najemotivna balada-dosega-01.jpg

И пред самата премиера, песната беше прогласена за нејзината најубава и најемотивна балада, најмногу бидејќи е посветена на нејзиниот син Александар.

„Ова е многу убава песна во која ќе се пронајде секој родител и секој човек… Кога Милош ми ја прати, во мене предизвика ерупција емоции и веднаш отидов да ја снимам. Пораката на песната е безусловната љубов“, изјави познатата пејачка.

severina-so-nov-hit-rogjeno-moe-e-nejzinata-najemotivna balada-dosega-03.jpg

Песната е напишана од долгогодишниот композитор на Северина, Милош Рогановиќ, кој е потпишан како автор и на „Kao Alcatraz“, „Grad bez ljudi“, „Italiana“, „Uzbuna“…

Според Милош, хрватската ѕвезда му се јавила летово и го прашала дали ќе сака да напише емотивна балада.

„Пред мене, кога ќе ја погледнам Северина, гледам голема ѕвезда, уметник, која е пред сè мајка, која се бори за доброто на своето дете. А притоа, мора да се бори и против разните негативни, несвесни луѓе, кои се обидуваат да ѝ ја отежнат таа борба“, вели композиторот.

severina-so-nov-hit-rogjeno-moe-e-nejzinata-najemotivna balada-dosega-04.jpg

Бидејќи и самиот е родител, добро му биле познати овие емоции и сакал да ги преточи во песна, па се родил новиот хит на Северина.

Песната е снимена пред еден месец во Загреб, а спотот е снимен во Љубљана.

Слушнете ја новата балада на Северина:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава