Марија Шерифовиќ ѝ приреди роденденско изненадување на Јована Пајиќ (37), со која љубовно ја поврзуваат
Инаку, Пајиќ неодамна за српските медиуми призна дека со годините научила себеси да се става на прво место, иако претходно не го правела тоа.
„Мислам дека мудроста доаѓа со годините и тие некои скали едноставно не можеме да ги прескокнеме.
Гледам само на себе, можеби звучи себично, но кога сите би се фокусирале на она што самите го работиме, би настанувале многу поголеми успеси. Многу поквалитетни работи би се раѓале кога би се натпреварувале самите со себе.
Никој од страна не може да биде виновен за она што не сме го одлучиле или направиле добро“.

Инаку, Марија ѝ посвети и емотивна честитка на Јована на Инстаграм и напиша:
„Нека оваа година биде онаа во која се бираш самата себе. Тивко, сигурно, без врева и без оправдувања.
Ти посакувам само сонце, топло море, мир во душа, здрави деца и живот во куфери“.


Прочитајте и Јована Пајиќ, која ја поврзуваат со Марија Шерифовиќ: „Сите ние се тешиме, но разводот е катастрофа“
С. С. | Црнобело