Марија Шерифовиќ ѝ приреди роденденско изненадување на Јована Пајиќ (37), со која љубовно ја поврзуваат
- Детали
- вторник, 13 јануари 2026
„Нека оваа година биде онаа во која се бираш самата себе. Тивко, сигурно, без врева и без оправдувања“, ѝ порача Марија Шерифовиќ (41) на Јована и објави фотка како позираат заедно, а сподели и кадри од роденденското изненадување.

Пејачката Јована Пајиќ го прослави својот 37-ми роденден, а најголемото изненадување ѝ го приреди нејзината најдобра пријателка, за која кружат гласини и дека ѝ е љубовна партнерка, пејачката Марија Шерифовиќ (41), која тајно ѝ организираше роденденска забава.

Јована е со солзи во очите на видеата на Инстаграм, на кои Марија во речиси целосен мрак ја носи на местото каде ги собрала нејзините најблиски пријатели и членови на семејството.

Тие во еден глас извикуваат: „Среќен роденден!“, а Јована е трогната до солзи.

Конфети во форма на срце, па бенд и торта, Марија објави видео од изненадувањето и кратко ѝ порача на Јована:
„Она што не можеш да го замислиш – препушти ми го мене...“
