Србинка (24) открива како живее бесплатно на Малдиви еден месец
- Детали
- четврток, 22 јануари 2026
„Како добив можност да поминам 4 седмици бесплатно на Малдиви“, открива Ружа Миловојевиќ (24) и споделува детали од секојдневието таму.

Ружа Миловојевиќ (24) од Србија е соло патничка која на Инстаграм покажува колку ужива на Малдиви, каде ќе помине еден месец без трошоци за сместување и храна.

„Имам можност да бидам тука четири седмици, да помогнам на локалната заедница, а за возврат да добијам бесплатно сместување и три оброци дневно, замислете го тоа“.
Таа откри дека досега волонтирала во Виетнам, Камбоџа, а сега е на Малдиви.

Вели дека сама си го платила патот, а таму добива бесплатно сместување и храна.
Таа откри дека некаде подучувала дечиња англиски јазик, некаде работела во ресторан, а некаде дигитален маркетинг.
На Малдиви, меѓу другите обврски, ѝ е и да си лежи и ужива со гостите и да им прави совршени фотки и видеа.

Ружа открива дека ваков аранжман може да се договори преку апликација за волонтирање на различни локални проекти.
Ружа советува:
„Прво се приклучуваш на платформата Worldpackers, си наоѓаш место каде сакаш да волонтираш, се пријавуваш и – доаѓаш“.

Инаку, Worldpackers е онлајн платформа која ги поврзува патниците со хостели, организации и други локални домаќини ширум светот кои нудат сместување, а понекогаш и оброци, во замена за неколку часа волонтирање дневно.
Волонтерските задачи најчесто вклучуваат помош во хостелот, работа на фарми, проекти поврзани со едукација или работа во заедницата.

Патникот се регистрира, ги прегледува понудите по локација и услови (траење, работни часови, што е вклучено), се пријавува кај домаќинот, а договорот зависи од тоа дали домаќинот ќе го избере.
Платформата често се користи за „патување со помал буџет“, но треба да се има предвид дека правилата, квалитетот и безбедноста се разликуваат од понуда до понуда, па се препорачува да се проверуваат рецензии и детали пред да се прифати.
Нејзините совети и информации за волонтирање на Малдиви:
Таа сними и видео за едно напуштено островче на Малдиви, кое стана вирален хит:
С. С. | Црнобело