Најголемиот скандал на Олимпијадата во Сараево ’84 - Како газда Фахрудин го ограби актерот Кирк Даглас?
„Околу еден и пол утрото отидов да купам уште месо за следниот ден, а тој Мате ја зел сметката што мојата сопруга ја направила на 540.000 динари, додал нула додека одел кон масата и им наплатил 5,4 милиони“, раскажал Фахрудин.
Кога се вратил во кафеаната, таму веќе не биле ни гостите, ни новиот келнер.
Газдата тврдел дека тој ги ограбил гостите и избегал.

Но, тогашниот раководител на пазарната инспекција, Петар Вуковиќ, открил што верзијата на газдата е лажна.
„Во вторник, 10 февруари, добивме писмена пријава од Организацискиот комитет на Зимските олимписки игри, со приложена сметка од ресторанот ‘Уна’, на која се гледа дека сопственикот на ресторанот неоправдано ја зголемил цената десетпати и наместо 540.000, наплатил 5,4 милиони динари.“

Инспекцијата донела одлука веднаш да го затвори ресторанот. Тие го прифатиле тврдењето на една хостеса која таа вечер го придружувала Кирк Даглас дека цела вечер ги служел Фахрудин, и дека тој лично им ја донел и им ја наплатил сметката.
Тој, според инспекторот направил уште еден прекршок - сметката ја наплатил во долари, вкупно 400.
Работната дозвола му била одземена на 5 месеци, а тој бил обвинет за неоснована заработка и исплата во девизи.

Инспекторот подоцна кажал дека по пријавата, Фахрудин покајнички однел 400 долари во општината за да му бидат вратени на пријателот на Кирк, кој ја платил сметката таа вечер.
Организацискиот комитет на Олимписките игри му се извинил на пријателот на Даглас, а тој, пак, не ги зел парите, туку побарал од властите да ги искористат за добротворни цели.
Интересно е што за време на ЗОИ, уште три локали во Сараево биле затворени по итна постапка, бидејќи сопствениците наплаќале повеќе за услугите отколку што било пропишано.
А. Ј. | Црнобело