Сопругата на Дарко Лазиќ: „Заглавени сме на Малдиви – мора сами да си доплатиме сместување и поскапа карта за дома“
- Детали
- вторник, 03 март 2026
„Уште сме тука. Не знаеме како ќе си одиме од Малдиви. Најраниот лет што е возможен е преку Сингапур, но мора таму да преноќиме. Мора уште малку да останеме тука и ние сами си плаќаме сместување, како и нова карта, само половина од цената на картата што ни пропаѓа ќе биде рефундирана“ - вели Катарина која е на одмор со сопругот Дарко и детето.

Заради воениот конфликт на Блискиот Исток, освен многуте луѓе кои останаа во земјите кои се конкретно вклучени во нападите, има и такви кои требало од други дестинации да летаат преку Дубаи за да стигнат до дома.
Таков е случајот и со српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој со сопругата Катарина и ќеркичката престојуваат на Малдиви, а моментално немаат точни информации како би се вратиле дома.
Катарина на Инстаграм споделува дека уште се во рајот, но дека бараат начини како преку непланиран пат околу светот, да се вратат дома, а притоа, трошоците за продолжен престој и нова карта, ги сносат самите.
Прочитајте и „Знаеме кој нè штити“: OAE плаќаат престој и храна за 20.000 заглавени туристи – жителите ги возвишуваат лидерите
Нејзината објава:
„Уште сме тука. Не знаеме како ќе си одиме од Малдиви. Најраниот лет што е возможен е преку Сингапур, но мора таму да преноќиме.
Па на ChatGPT му пишувам што може да посетиме во тоа кратко време таму.

Шега настрана, заради ситуацијата која моментално се случува во Дубаи, невозможно е да се вратиме како што е планирано.
Сите алтернативни летови се пополнети или цената на картите е како цената на целото летување. Бидејќи секако, заработуваат на туѓа несреќа и компаниите ги качија цените.
Моментално бараме некој слободен и прифатлив лет, она што го знаеме е дека ќе мора да останеме уште некој ден подолго од што планиравме, и најверојатно ќе летаме преку Шри Ланка, Сингапур и Истанбул. Непланиран пат околу светот.

Многу од вас се распрашуваат и кој ги сноси трошоците за сместување и карти.
Дубаи им плаќа на луѓето кои се таму заглавени за сместување колку што мора да останат, но на нас кои сме надвор од Дубаи, не.
Ние сами си плаќаме сместување, како и нова карта, само половина од цената на картата што ни пропаѓа ќе биде рефундирана.

Добрата работа е што сме далеку од опасноста, но лошата е што воопшто нешто такво се случува.
Се водам по тоа дека како зрачиш така привлекуваш и верувам дека сè ќе биде како што треба и се надевам дека ќе заврши што побрзо.
Дотогаш, ќе споделувам со вас уште малку од нашето моментално секојдневие...“








M. M. | Црнобело