Марија Шерифовиќ, по концертите во Белград, искрена за прекинот на пријателството со Јелена Карлеуша
- Детали
- среда, 11 март 2026
Марија Шерифовиќ одржа 3 спектакуларни концерти во Белград, каде поддршка ѝ беше блиската пријателка Јована Пајиќ, со која и љубовно ја поврзуваат. Марија проговори на тема како дошло до крај на пријателството со Карлеуша...

Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша функционираа одлично додека беа во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, но откако Карлеуша прекина да членува таму, а потоа се префрли во „Ѕвездите на Пинк“, работите се променија.

Односот меѓу поп ѕвездите се олади, а причините за тоа ја интригираат јавноста.
Јелена еднаш изјави дека го прекинала контактот со Марија затоа што таа на Твитер лајкнала објава во која Карлеуша била негативно коментирана.

Неодамна двете колешки се сретнале на поменот за Саша Поповиќ, но не се поздравиле.

Марија зборуваше за прекинот на пријателството со Јелена пред својот трет концерт во Сава Центар, кој се одржа деновиве.
Марија за Карлеуша вели:
„Немате што мене да ме прашувате, Карла ако сака да се помири со мене, може веднаш да се помири, јас со неа не сум се карала“.

На темата зошто се скарани, вели:
„Па, немам поим, затоа што Карла вели дека е лута, а јас реално мислам дека сите тие причини се многу глупави“.
Инаку, Марија приреди три вечери спектакл со музика во „Сава центар“.