Марија Шерифовиќ, по концертите во Белград, искрена за прекинот на пријателството со Јелена Карлеуша

На концертите како поддршка ѝ беше блиската пријателка Јована Пајиќ.

Српските медиуми откриваат дека таа е онаа што секогаш меѓу првите пристигнува на концертите на Марија.

На еден од трите концерти изјави:

„Вечерва сум тука, некако стана како традиција. Некаква нормала. Синоќа беше работно, како што ќе биде и утре, а ова е единствената можност каде можам да бидам од „другата страна на приказната“.

Не знам каква е програмата, сè држеше во тајност. Успеав да одолеам да не гледам по социјалните мрежи“.

Јована вели дека Марија секогаш е нервозна кога го има првиот од низата последователни концерти.

„Таа е како војник - тој прв концерт секогаш е најтензичен за неа“.

Марија на еден од концертите, на сцената се прегрнуваше со Бакир, дечко со Даунов синдром и нејзин пријател, за кој Марија вели:

„Мојот Бакир.

Постојат луѓе кои доаѓаат на овој свет за да нè потсетат што е љубов. Онаа најчистата. Без страв. Без пресметка. Без ниту една маска.

Бакир е еден од нив.

Кога излезе на сцената и кога, прегрнати, почнавме да пееме, за момент имав чувство дека сè застана.
Бучавата. Светлата. Илјадниците луѓе.

marija-sherifovikj-iskrena-za-prichinite-za-prekinot-na-prijatelstvoto-so-jelena-karleusha-03.jpg

Останаа само две срца и љубов што не можеш да ја научиш. Можеш само да ја имаш.

Ги гледав тие очи што се смеат, онака како што ние „нормалните“ одамна веќе не умееме.

И тогаш сфатив една голема вистина.
Не е тој поразличен.
Ние сме.

Ние сме тие што заборавивме како се сака без задршка, без срам и без страв.

Бакире мој…
Ако постои момент што засекогаш ќе го чувам во срцето од овие три ноќи, тогаш тоа е овој.

Кога и да посакаш, оваа сцена е и твоја.
Секогаш“.

Кликнете на видеото од концертот на Марија:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција среде ноќ + Сите нејзини пријави за насилство к... Јелена Карлеуша го пријавила поранешниот сопруг Душко Тошиќ поради упад во вилат...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Марија Шерифовиќ со синчето на одмор – ужива на плажа во Котор, во луксузен ресорт со поглед на зали... Марија Шерифовиќ објави фотка од плажа со синчето Марио, но и од погледот кој го...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...

Најчитани неделава