Халид Бешлиќ бил лудо вљубен во најубавата Југословенка - Што знаеме за страсната романса на пејачот и Сузана Манчиќ?
- Детали
- недела, 15 март 2026
Пред да се ожени со сопругата Сејда, Халид Бешлиќ имал кратка и страстна љубовна врска со популарната лото девојка, а која денес е скоро и заборавена...

Босанскиот крал на севдалинките, Халид Бешлиќ, кој почина во октомври 2025 на 71 година, својата последна песна ѝ ја посвети на сопругата Сејда.
Низ годините тој често пееше за неа и не криеше колку ја сака и колку голема поддршка му е во животот, ја воспеваше и величаше во секоја ситуација.
Халид Бешлиќ со сопругата
Но, малкумина знаат дека Халид бил лудо заљубен и во најубавата Југословенка, Сузана Манчиќ.
Популарната лото девојка во младоста му го украла срцето на пејачот во времето кога тој бил на врвот на славата, во средината на 1980-тите.
За оваа врска скоро никогаш не се зборуваше јавно, но според неговиот пријател и текстописец Назиф Гљива, Халид бил лудо заљубен во неа.

Токму Гљива ги запознал, откако Халид му се доверил дека му се допаѓа Сузана.
Нивната средба во Риека се претворила во кратка врска полна со страст.
Тие, наводно, ги поминувале вечерите седејќи си во прегратка еден на друг, на брегот на Јадранот, разговарајќи и смеејќи се.
А нивната блискост го инспирирала Гљива да ја напише песната „Гитара и чаша вино“, која на крајот, Халид никогаш не ја снимил.

Гљива многу години подоцна ја открил приказната за песната која останала симбол на нивната кратка, но силна романса.
Но, нивната врска ја одбележа и една сообраќајка која се случи кон крајот на 1986 година, на патот Зајечар - Белград.
Сузана го возела автомобилот во кој се наоѓале Халид и неколку други патници. Возејќи, ја изгубила контролата врз возилото.

Во несреќата, автомобилот бил скоро целосно уништен, но за среќа сите поминале без сериозни повреди.
Сузана подоцна признала дека во тој момент си помислила дека ќе загинат и дека „целиот нејзин живот ѝ се појавил пред очите“.
После крајот на романсата, Халид се вратил на својата музичка кариера и на животниот пат што ќе го одведе до Сејда.

А. Ј. | Црнобело