Најубавата турска актерка славеше роденден на Босфор со другарките - „Неџла“ наполни 40 години
- Детали
- среда, 10 јуни 2026
„Цветам цели 4 децении“, напиша сопругата на „Бали Бег“ на Инстаграм и сподели фотки од роденденската прослава со другарките, една недела откако наполни 40 години.

Една недела откако наполни 40 години (родена е на 04.06.1986), најубавата турска актерка Фахрије Евџен, славеше роденден со другарките.

Облечена во розово, таа блеска со широка насмевка, додека позира покрај роденденската торта и ужива во друштвото на жените кои ѝ се најблиски.

Со другарките ручаа во елитен ресторан, а потоа пловеа со јахта по Босфор.

Актерката, најпозната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, објави неколку фотки од прославата на Инстаграм.

„Цветам цели 4 децении“, напиша сопругата на Бурак Озџивит и доби бројни роденденски честитки.
Погледнете ги фотографиите:





А. Ј. | Црнобело
