Трагедиите на Дарко Лазиќ – тој беше во кома 23 дена, татко му почина по операција, а брат му загина на мотоцикл

Во 2018-та Дарко Лазиќ имаше страшна сообраќајка заради која беше во кома и му дадоа 5% шанси за живот, во 2020 го изгуби татко му по компликации од операција за намалување желудник, во 2025 имаше сообраќајка со сопругата, а сега брат му загина на 31 години на мотоцикл.

tragediite-na-darko-lazikj-toj-beshe-vo-koma-23-dena-tatko-mu-pochina-po-operacija-a-brat-mu-zagina-na-motocikl-01.jpg

Дарко Лазиќ е српски пејач кој е познат и по својот скандалозен животен стил, но и трагедии кои го следат низ годините. 

Пред неколку дена, Дарко го изгуби својот брат во сообраќајна несреќа со мотоцикл, а на Инстаграм објави негова фотографија и напиша: 

„Родено мое, почивај во мир. Знаеш дека секогаш ќе бидеш во моето срце!“

Какви трагедии преживеа Дарко и неговото семејство низ годините?

Во октомври 2018-та, Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа, кога во раните утрински часови четирипати се превртел со автомобилот и завршил во ливада покрај патот.

Тој бил под дејство на алкохол кога возел, а се здобил со тешки телесни повреди, скршеници на повеќе места на телото и хематом на главата.

„Имав сообраќајка во 2018 и буквално после неколку часа ме отпишаа. Целосно потонев. Два месеца бев во болница. Повредите беа страотни. 12 скршени ребра, скршен колк, карлица, граден кош, слезина, бубрег... Дишев на апарати месец дена, во кома бев 23 дена“ – изјави тој во една прилика.

Дарко е познат по своето лудо возење, а по 2018-та имаше уште неколку помали сообраќајни несреќи, меѓу кои и една неодамна, со сопругата Катарина.

Во 2020-та, откако закрепна од тешката сообраќајна несреќа, Дарко реши да се ослободи од вишокот тежина преку операција на желудник, со која подоцна ослабе околу 80 килограми.

Но, на крајот од истата 2020 година, и неговиот татко Милан Лазиќ легна под нож сакајќи да ја направи операцијата за смалување желудник, но за жал почина од компликации на зафатот.

Додека татко му беше во болница тој објави фотографија од него и напиша дека се надева дека ќе издржи, исто како што и самиот издржал многу тешки моменти.

Но, откако починал, пејачот даде изјава:

„Оперираше желудник и му се влоши состојбата. Што се случи, никој не знае. Знам дека целиот мозок му е комплетно оштетен, дека му застанало срцето и колку што разбрав, го реанимирале. Отиде жив и здрав, не знам што да кажам...“

Откако ги преброде овие моменти, се чинеше дека Дарко конечно ужива во среќниот живот со втората сопруга Катарина, со која има едно дете. 

Семејството неодамна беше на одмор на Малдиви, каде мораа да се задржат подолго од планираното, заради конфликтот на Блискиот Исток и укинувањето на летовите.

Неколку дена откако конечно се вратија, Дарко го дочека нова, страшна трагедија.

На 11 март, неговиот брат Драган, исто така пејач, загина во сообраќајна несреќа со мотоцикл, кога друго возило му го пресекло патот.

Пејачот е скршен од болка, заедно со неговата мајка Бранка, а деновиве престојуваат во семејната куќа, каде голем број познати личности од естрадата дојдоа да им укажат поддршка и да изразат сочувство.

Инаку, непосредно пред несреќата, Драган го поминал денот со својот брат Дарко во еден локал во Шабац.

По дружењето, тој тргнал кон дома, но на патот дошло до трагичниот судир.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ? Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, ...
Дуа Липа настапи во Приштина - Со згодниот татко испеаја дует и ја кренаа публиката на нозе (видео) Пејачката во бел сценски костим, а татко ѝ (кого го нарекуваат сребрена лисица п...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...

Најчитани неделава