„Една година сум постар од татко ѝ, а 3 од мајка ѝ“: Српски актер за љубовта со 23 години помладата девојка
- Детали
- среда, 18 март 2026
„Се испостави дека поголем проблем е што тој не јаде свинско месо и што е муслиман. Јас со него имам слобода да славам Божиќ исто како што тој има слобода да слави Бајрам“, рекла во интервју Бојана, која подолго време е во врска со 51-годишниот актер Вахидин Прелиќ.

Актерот Вахидин Прелиќ (51) веќе подолго време е во врска со 23-години помладата Бојана Радиќ од Бања Лука.
Парот и покрај разликата во години ужива во љубовта, а наскоро планираат и свадба.
Но, тие секојдневно се соочуваат и со осуда од околината, но и од своите најблиски.

Тие неодамна дадоа интервју заедно, па зборуваа и за предизвиците со кои се соочиле откако почнале врска.
Бојана рекла дека нејзините родители не ја прифатиле нејзината љубов со актерот поради разликата во годините, но и поради религијата на Вахидин, кој е муслиман.
„Можам целосно да разберам дека е чудно, затоа што тој е на возраст како моите родители“, рекла Бојана, кога актерот ја прекинал.

Тој кажал:
„Постар сум една година од татко ти, од мајка ти - три“.

Бојана рекла и дека се обидува да ја разбере реакцијата на своите родители, особено што студира психологија.
„Понекогаш тоа не ми оди во прилог бидејќи тогаш премногу попуштам.
Не очекував да бидат супер, да бидат воодушевени, но некако очекував да ме сакаат, да бидам нивно дете“, рекла таа.

