„Една година сум постар од татко ѝ, а 3 од мајка ѝ“: Српски актер за љубовта со 23 години помладата девојка
И актерот кажал дека не му е сеедно поради проблемите кои ги имаат, а поради што не можат целосно да уживаат во љубовта.
„Секако дека ме мачи ситуацијата во која сме, би сакал сè да функционира, но со текот на времето се помирив со тоа.
Мислам дека она што го имаме заедно е поважно од тоа дека треба да принудиме некого да го прифати“.

Бојана кажала и дека нејзиниот татко има поголем проблем со религијата на нејзиниот избраник, отколку неговата возраст.
„Татко ми не може да разбере како се чувствувам. Се испостави дека поголем проблем е што тој не јаде свинско месо и што е муслиман.
Јас со него имам слобода да славам Божиќ исто како што тој има слобода да слави Бајрам“, додала Бојана.

Актерот, истакнал дека имал дилема како ќе реагира и неговото семејство, но решил да не бара одобрение од нив.
Тој има и 6-годишен син, па во подкастот Oslobođenje истакнал дека нему му била најважна реакцијата на сопственото дете и никој друг.
„Јас само сакав мојот син да го прифати ова“, рекол тој искрено.

Погледнете го целото видео:
Прочитајте и „Може татко да ти биде“ - Српски актер (51) е во скандалозна врска со 23 години помлада девојка од Бања Лука
А. Ј. | Црнобело
