Аница Лазиќ (34) беше на море со саканиот Лазар Ристовски (73) за Велигден - позира без шминка, ужива на јахта
- Детали
- среда, 15 април 2026
Oд возење со јахта, до романтичен ручек во ресторан на крајбрежјето, Аница и Лазар се држат за раце и разменуваат нежности. Тие не обрнуваат внимание на лошите коментари за разликата во нивните години. 39 години постариот Лазар пронајде љубов со колешката, која позира во бањарка без шминка.

Актерот Лазар Ристовски и неговата партнерка Аница Лазиќ одлучија празниците да ги поминат во романтична атмосфера покрај море.
На фотографиите што ги споделија се гледа како уживаат во заедничките моменти.

Oд возење со јахта, до романтичен ручек во ресторан на крајбрежјето, каде седат на маса веднаш до водата... Аница и Лазар се држат за раце и разменуваат нежности.
Инаку, актерот Лазар Ристовски и 39 години помладата Аница Лазиќ се веќе неколку години во среќна врска и не обрнуваат внимание на лошите коментари за разликата во години.


Тие ја криеја својата романса околу една година, а ја започнале врската по неговиот развод со Даница Ристовска, со која актерот има два сина.

За нивната врска Аница во една пригода изјави:
„Лазар и јас се запознавме без никаков посредник, посредникот беше единствено Бог. Се сретнавме во Белград, се погледнавме неколку секунди, а потоа се прегрнавме.
По таа прегратка седнавме и разговаравме со часови. Кога ме прашуваат од кога сме заедно, јас велам од првиот момент кога се погледнавме.
Имавме разговори на тема дали треба да излеземе во јавност и да кажеме дека сме заедно. Се договоривме дека треба да соопштиме, а Лазар не би бил Лазар ако тоа не го направи на свој начин“.
