Ела Дворник објави вознемирувачки кадри од болница по пластична операција на лицето - сакала да не изгледа „уморно“
Првите промени ги забележала релативно брзо, по неколку дена, но закрепнувањето траело.
Првите два дена биле најинтензивни, со оток, модринки, затегнатост и чудно чувство во лицето, па потребно било време „сè да си дојде на место“.
„Би рекла дека треба да му дадеш на лицето неколку седмици за да почне да изгледа нормално, а веројатно и неколку месеци за да го видиш конечниот резултат.
Задоволна сум. Најмногу затоа што резултатот не направи од мене друга личност. И понатаму изгледам како јас, само поодморено и поотворено“.

„Естетските зафати можат да бидат одлична алатка, но можат да станат и зависност ако човек нема внатрешна граница.
Проблемот е кога повеќе не го гледаш лицето како целина, туку почнуваш да ловиш детали.
Денес капаци, утре нос, задутре друго, па одеднаш ти смета нешто што никогаш претходно не ти сметало. Тука лесно можеш да се изгубиш.

Јас никогаш не сум си била грда и никогаш не сум сакала да изгледам како некој друг.
Мислам дека е важно да знаеш со какво ‘платно’ работиш. Структурата на лицето и телото поднесува одредени промени, а кога се претерува, се губи симетријата.
Не стои ист нос на сите, ниту иста големина на гради“.

Погледнете го видеото ТУКА...
С. С. | Црнобело