Мирза Селимовиќ со детали за свршеницата: „Помило ми е да ја држам за рака, отколку на ѕид на Инстаграм“
- Детали
- среда, 13 мај 2026
„Колку помалку нè има на Инстаграм, толку поубав ни е вистинскиот живот. Не сум за јавни фотографии од жена и деца, што јадам или пијам – тоа е мое и го правам за себе, не за другите“, вели Мирза Селимовиќ кој саканата Јелена ја запроси во 2025-та.

Мирза Селимовиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“ во 2008 година, но беа потребни години за да се прослави со својот моќен вокал и без никакви скандали.
Тој секогаш фокусот го става на музиката, па иако ја запроси саканата Јелена во 2025-та, пејачот скржаво ги чуваше за себе деталите за љубовта со неа.

Во едно неодамнешно интервју Мирза откри:
„Моја вистинска база и понатаму е мојот дом во Сребреник. Таму сум оној Мирза кого сите го знаат од мал.
Кога не сум на сцена, живеам сосема нормален живот. Кафе со пријателите, семејството, престој во природа, мирот што само родниот крај може да го даде.
Сцената е едно, а животот е она што се случува кога ќе се изгаснат рефлекторите“.

Тој за својата долга среќна љубовна врска вели:
„Колку помалку нè има на Инстаграм, толку поубав ни е вистинскиот живот.
Себичен сум, признавам. Тој мир и таа убавина не сакам да ги делам со никого.

Повеќе сакам да ја држам Јелена за рака отколку да ја држам на ѕид на Инстаграм, затоа што за таква убавица филтри сè уште не се измислени (ха-ха)“.

Често го прашуваат кога ќе прави свадба, па вели:
„Тоа прашање стана неизбежно. Искрено, ми доаѓа да кажам: ако после тоа сите колективно престанат да ме прашуваат на секој чекор, еве, утре наутро ќе се оженам. Само да завршам со таа приказна за бракот.
Но, се плашам дека кај нас тоа не функционира така.
Инаку, ние нашата среќа ја чуваме за себе и отсекогаш така сме гледале на работите“.
