Разнесувал пица за џепарлак, беше убиен пред матура од осудуван убиец: Детали за трагедијата во Хрватска

Лука М. е 19-годишниот матурант кој ладнокрвно беше убиен во хрватскиот град Дрниш додека носел пица. Убиецот, кој е веќе уапсен, локалците го опишуваат како „темпирана бомба“ бидејќи бил осудуван за нелегално поседување оружје, но и веќе бил во затвор за убиство.

ladnokrvno-go-zastrelal-koga-mu-nosel-pica-ubil-i-prethodno-detali-za-ubistvoto-na-maturantot-od-hrvatska-01.jpg

На 16-ти мај, во хрватскиот град Дрниш се случи страшна трагедија – маж ладнокрвно убил 19-годишно момче кое му доставувало пица.

Како што вчера (17.05) пренесе хрватскиот медиум Index, средношколецот, кој се подготвувал за матура, работел како доставувач на пица за да има џепарлак додека да тргне на факултет.

На кобната ноќ, неговиот шеф требало да ја однесе пицата до домот на убиецот, но момчето рекло дека тоа ќе ја изврши доставата.

Според неофицијалните информации, убиецот, кој веднаш беше идентификуван како Кристијан Алексиќ, истрелал дури десет куршуми во средношколецот и тој им подлегнал на повредите.

Со средношколецот имало уште еден доставувач, но тој успеал да побегне кога ги слушнал истрелите и веднаш се јавил во полиција.

Убиецот Кристијан Алексиќ веднаш го напуштил местото на злосторството, а според некои хрватски медиуми, околу три часот по полноќ бил снимен на пазарот во Дрниш.

Оттаму се упатил кон селото Лишњак кое се наоѓа во близина на Дрниш.

Штом Кристијан беше претставен како главен осомничен, хрватската полиција сподели негова фотографија, по што почна обемна потрага.

Од полицијата порачаа никој да не му се приближува на Алексиќ бидејќи е опасен и најверојатно вооружен.

Во меѓувреме, хрватските медиуми разговараа со дел од соседите на убиецот и открија дека тој веќе имал мрачно минато.

Според локалците, Кристијан Алексиќ со години „сеел страв“ низ градот, се заканувал дека ќе ги убие сите, а некои спомнале дека имал и список со луѓе кои планирал да ги убие.

Еден локалец за Index изјавил дека дури и брат му на Алексиќ го нарекувал убиецот „чисто зло“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за раз... „Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи...

Најчитани неделава