Разнесувал пица за џепарлак, беше убиен пред матура од осудуван убиец: Детали за трагедијата во Хрватска

Други извори велат дека од пицеријата во којашто работело момчето многу добро го знаеле Алексиќ.

Според другите извори, едниот од доставувачите видел дека пицата е порачана на негова адреса, па не сакал да оди. Но, тогаш 19-годишниот матурант предложил да одат заедно бидејќи бил сигурен дека нема да се случи ништо.

Како што излегол од автомобилот и тргнал кон куќата на убиецот, се слушнале истрели, а неговиот колега успеал да побегне.

Сепак, не е официјално потврдено дали матурантот навистина отишол бидејќи неговиот колега се плашел.

Убиецот и претходно имал судири со законот, а дури и лежел во затвор за убиство, додека сограѓаните го опишуваат и како „темпирана бомба“.

Имено, во 2023 година бил пријавен за нелегално поседување, изработка и набавка на оружје и експлозиви.

Како што споделува Srbija danas, Алексиќ во 2002-ра бил осуден на 12 години затвор за убиството на 24-годишна девојка која ја нападнал со нож и метална шипка.

Исто така, му била издадена наредба за задолжително психолошко советување и лекување.

И покрај сето ова, убиецот бил на слобода, сè досега. Во потрагата која траеше 28 часа биле користени дронови, додека сите влезови на градот Дрниш биле блокирани.

Според Dalmacija danas, полицијата успеала да го лоцира убиецот синоќа, околу три часот по полноќ, во близина на неговата куќа, каде што го уби матурантот.

Утрово хрватска полиција сподели и повеќе детали од целата акција. Полициските службеници го забележале околу 2:30 часот по полноќ, во близина на градот.

Веднаш го уапсиле, а кога го пребарале, на него нашле огнено оружје и нож со сечило долго 20 сантиметри.

Убиецот не пружал отпор при апсењето, по што бил приведен во станица.

Трагедијата предизвика лавина реакции во Хрватска, но и во земјите од соседството, најмногу бидејќи е во прашање инцидент што можел да биде избегнат, доколку Алексиќ бил во затвор или институција.

Се огласија и правници, и психијатри кои го делат ставот дека системот потфрлил штом не го заштитил 19-годишниот средношколец од криминалец кој веќе имал дебело досие.

Утре (19.05) во Дрниш е прогласен Ден на жалост, а истовремено ќе биде погребан и убиениот средношколец.

Ќе биде одржана и служба во средното училиште во коешто учел матурантот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за раз... „Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи...

Најчитани неделава