Саша Ковачевиќ објави официјални фотки од свадбата, парот очекува син: „Покрај тебе сè доби смисла“

„06.06.2026 Покрај тебе сè доби смисла, а овој ден е само круна на нашата љубов. Те гледам и си ја гледам целата своја иднина – прекрасна, насмеана и исполнета со љубов“, вели емотивно Саша Ковачевиќ за саканата Зорана. Таа блесна во две венчаници на свадбата.

sasha-kovachevikj-objavi-oficijalni-fotki-od-svadbata-pokraj-tebe-se-dobi-smisla-01.jpgфото: Доротеја Типшин

Саша Ковачевиќ, еден од омилените регионални пејачи, на 6-ти јуни се ожени со својата сакана Зорана Тасовац, по скоро 9 години љубов.

sasha-kovachevikj-objavi-oficijalni-fotki-od-svadbata-pokraj-tebe-se-dobi-smisla-08.jpg

Парот, како и сè останато поврзано со нивниот приватен живот, свадбата ја направи „тајно“, а дека стапиле во брак се дозна дури откако видеата и фотографиите се појавија во јавноста.

sasha-kovachevikj-objavi-oficijalni-fotki-od-svadbata-pokraj-tebe-se-dobi-smisla-10.jpg

Сепак, сега тој објави официјални фотки од свадбата на Инстаграм и ѝ напиша емотивна посвета на Јована.

sasha-kovachevikj-objavi-oficijalni-fotki-od-svadbata-pokraj-tebe-se-dobi-smisla-12.jpg

Саша вели:

„06.06.2026 Покрај тебе сè доби смисла, а овој ден е само круна на нашата љубов.

Те гледам денес и ја гледам целата своја иднина – прекрасна, насмеана и исполнета со љубов.

Ти благодарам, љубов моја, за секоја насмевка, за поддршката, за љубовта, за твојата добрина и за тоа што на овој ден застана покрај мене за заедно да зачекориме во нашето „засекогаш“.

sasha-kovachevikj-objavi-oficijalni-fotki-od-svadbata-pokraj-tebe-se-dobi-smisla-11.jpg

Инаку, Саша и Зорана очекуваат бебе и оваа есен ќе се остварат во улогата на родители.

Веста за новиот член во семејството ги израдува нивните најблиски, но и бројните обожаватели кои со години ја следат нивната љубовна приказна и ги сметаат за еден од најскладните парови на јавната сцена.

Парот откри дека очекуваат син.

Инаку, Зорана од претходен брак има ќерка, која Саша ја гледа како свое дете.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Прва објава на сопругот на Марија Микиќ по разводот: „За некого си целиот свет и тој некој те вика Т... „Некогаш, ќерко, ќе бидеш тажна, а никој нема ни да праша зошто. Верувај ми, ќе ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Дара Бубамара со гаф во „Ѕвездите на Гранд“: „Ми личиш на Северина“ - ѝ рече на бившата снаа на Кеба... Видеото од непријатната ситуација е хит на Инстаграм: „Мене ми беше одлична, ама...

Најчитани неделава