Потресна исповед на мајка на девојче убиено во масакрот во „Рибникар“: „Ми недостасува секоја секунда, секој ден плачам на гробот“
„Знаете, не му било доволно еднаш, двапати, трипати, тој седумпати (ја застрела ќерка ми). Тоа е… Тука нема правда“, вели Билјана.
„Ќерка ми ми недостасува секоја секунда. Секоја секунда. И сега, додека ви зборувам вам. Би сакала да дојде за миг да… Извинете“, низ солзи зборува Билјана.
„Би сакала само на миг да дојде да излечи барем малку од ова мое срце. А сакаше да биде кардиолог, тоа сите го знаете. Ова е мала казна…
Искрено би требало да добијат сите по 14 години. Мислам, 14 години по дете. Нас секој ден ни е 3-ти мај“, вели Билјана во инсертот од емисијата објавен на Инстаграм.
За потсетување, пред три години, на 3-ти мај, ученикот Коста Кецмановиќ, кој тогаш имаше 13 години, истрела вкупно 45 куршуми во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија.
Животот го загубија 10 лица, од кои повеќето деца, а покрај жртвите имаше пет ранети деца и еден ранет наставник.
Бидејќи беше малолетен на денот на масакрот, Коста не подлежи на кривична одговорност, но е затворен во Клиника за неврологија и психијатрија.
Неодамна заврши судењето на неговите родители – татко му доби 14 години и 6 месеци затвор, додека мајка му доби 2 години и 11 месеци.
Спирова С. | Црнобело