Сека Алексиќ со осуда за сите што ги исмејуваат „патлиџан туристите“: „Срам да ви е, некои семејства не можат да си дозволат скапи хотели“

Преку видео на ТикТок, познатата пејачка своевремено ги искритикува сите што ги исмејуваат туристите кои постилаат пешкири на песок, си носат јадење од дома и го поминуваат скромно одморот. Нејзината изјава и денес се споделува на социјалните мрежи.

seka-aleksikj-so-osuda-za-site-shto-gi-ismejuvaat-patlidjan-turistite-sram-da-vi-e-nekoi-semejstva-ne-mozhat-da-si-dozvolat-skapi-hoteli-01.jpg

Пејачката Сека Алексиќ долги години е на врвот на српската фолк сцена. Но, таа е позната и како жена без влакна на јазикот, која често го кажува на глас тоа што навистина го мисли, без да се грижи за реакциите на јавноста.

Таа пред неколку години застана на страната на луѓето кои одат на одмор и со себе си носат храна, не изнајмуваат лежалки и на тој начин го штедат домашниот буџет, а кои многумина ги нарекуваат „патлиџан туристи“.

Сека јавно кажа дека е згрозена од коментарите на луѓето кои им се потсмеваат на оние кои го поминуваат одморот на пешкири, а не платени лежалки, потсетувајќи дека луксузот не му е достапен секому.

seka-aleksikj-so-osuda-za-site-shto-gi-ismejuvaat-patlidjan-turistite-sram-da-vi-e-nekoi-semejstva-ne-mozhat-da-si-dozvolat-skapi-hoteli-04.jpg

Оваа нејзина изјава се споделува и денес, а е потсетник дека никој не треба да се потценува, ниту да се осудува за тоа како решил да го помине својот одмор и со колку пари, но и како ќе се храни притоа.

„Луѓе, дали е можно да читам коментари во кои некои луѓе им се смеат на оние што отишле на море и си донеле храна, немаат лежалки, лежат на пешкири, а отишле со своите деца. Па извинете, но дали е можно ова неколку да му е за потсмевање?

Дали е можно да не сте помислиле дека некои семејства не можат да си дозволат хотели со пет или петнаесет ѕвездички и дека некои семејства едвај крпат крај со крај, ама сакаат да им приуштат на своите деца море затоа што сакаат да го видат морето.

seka-aleksikj-so-osuda-za-site-shto-gi-ismejuvaat-patlidjan-turistite-sram-da-vi-e-nekoi-semejstva-ne-mozhat-da-si-dozvolat-skapi-hoteli-02.jpg

Јас, на пример, како дете, никогаш не сум видела море. Јас на 20 и нешто години првпат видов море, кога можев самата на себе да си го дозволам тоа, затоа што си заработив.

Како не се срамите, и како ништо не ви е свето, да им се потсмевате на луѓето што отишле на море, седнале на песок, на пешкир, сами си носат и си готват храна. Срам да ви е!“, рече Сека тогаш.

@seka_aleksic

Paradajz turisti. Tako ih nazivaju! Nista vam nije sveto! #sekaaleksic

♬ original sound - Seka Aleksić

Ова е само една од нејзините реакции со кои таа покажа дека приватно е скромна и дека знае како е да се живее во сиромаштија.

Таа своевремено отворено зборуваше и за својата исхрана, откако девојка ѝ испратила видео на кое се гледа како Сека јаде грав, а во пораката ѝ напишала дека е „кралица“ зашто избрала „обична храна“.

seka-aleksikj-so-osuda-za-site-shto-gi-ismejuvaat-patlidjan-turistite-sram-da-vi-e-nekoi-semejstva-ne-mozhat-da-si-dozvolat-skapi-hoteli-03.jpg

На ова, Сека јавно го искоментира видеото што го добила:

„’Каква кралица си ти, јадеш грав’... А што мислиш дека јадам, сестро? Па, сигурно не јадам кавијар. Прво, не ми се допаѓа, сум го пробала еднаш во животот, одвратно е, смрди, безвкусно, катастрофа.

Второ, јадам и грав, и грашок, зелен грав, чорба, полнети пиперки, сарма, сендвичи и сè нормално што го јадат сите.

Не гледам поента некој да мисли дека ако сум јавна личност не јадам грав. Па, јас го јадам веројатно еднаш неделно, а кога бев мала го јадев речиси секој ден. Гравот е најдобрата храна на светот“.

seka-aleksikj-so-osuda-za-site-shto-gi-ismejuvaat-patlidjan-turistite-sram-da-vi-e-nekoi-semejstva-ne-mozhat-da-si-dozvolat-skapi-hoteli-026.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сека Алексиќ се вози со „автомобил на вода“ во Црна Гора - руча со Лепа Брена, позира во специфичен ... Сека е горда на килограмите што успеа да ги симне во последниот период, па позир...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Исповед на Србинка: „Добив дијабетес на 11 години, секаде одам со кутии за храна - исцрпувачки е“ „Мислам дека луѓето не разбираат колку е ментално исцрпувачки да имаш дијабетес....
Расфрлана облека, ќеси, патики – Ана Николиќ живее во хаос, ја покажа и ќерката додека се забавуваат... „Малечката е преслатка, а ти крени го задникот и среди си го домот“ – пишуваат ф...
Синот (13) на Северина израсна во тинејџер - Уживаат на скијање во Австрија (фото) „Ние поминавме низ еден тежок животен пат, но тој сега е со мене и израсна во ед...

Најчитани неделава