„За 60 секунди бев облечена и надвор“ – Јелена Јованова за силниот земјотрес кој ја погоди Хрватска утрово

„За 60 секунди бев облечена и веќе надвор. Минатиот пат ми требаа 180. Напредок!“ – напиша актерката Јелена, која живее во Загреб, откако утринава (28.12.2020), Сисак и Петриња беа погодени од силни земјотреси од 5 степени по Рихтер, кои беа почувствувани и во Загреб и околината.

za-60-sekundi-bev-oblechena-i-nadvor-jelena-jovanova-za-silniot-zemjotres-koj-ja-pogodi-hrvatska-utrovo-01.jpgфото: Фејсбук Јелена Јованова/Инстаграм nova.tv

Хрватите во околината на Сисак, Петриња и Загреб беа разбудени утрово во 6.28 часот од силен земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтер, по кој следеше уште еден од 5 степени во 7.49 часот со епицентар во околината на Сисак, а во меѓувреме се забележани и неколку послаби потреси, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

„Боже, не пак“, „Беше ужасно“, „Никогаш не сме почувствувале вакво нешто“, се само дел од коментарите на официјалната страна на ЕМСЦ и на социјалните мрежи, откако Хрватска беше погодена со силен земјотрес кој бил почувствуван во повеќе градови и села, a жителите веднаш се нашле на улиците.

Инаку, во март годинава, Загреб беше погоден од силен земјотрес од 5.3 степени според Рихтер, кој предизвика голема паника кај граѓаните, а војници и навивачи им помагаа на родилките и бебињата кои беа на улица.

Засега, хрватските медиуми известуваат дека нема настрадани од декемвриските потреси, но има нанесена штета и урнатини во градовите, паднати се фасади и има оштетени автомобили.

На социјалните мрежи се објавуваат фотки од градовите по земјотресот кој утринава ја погоди Хрватска:

Нашата актерка Јелена Јованова, која живее во Загреб, се огласи на социјалните мрежи по утринскиот земјотрес.

„За 60 секунди бев облечена и веќе надвор. Минатиот пат ми требаа 180. Напредок! Браво ја! Значи доста е! Доста! П.С. Добро сме! Фала ви луѓе!“

?__cft__[0]=AZUCFvolP4IKmWLquNSPjwrwNt-zuX4f2zGTT79QJjl11DcFY6cGKk5VyWQgyDyqnWZ2oco5xRq_n4-phsDzzduybT6s4bCUHf7Tq12s7Jl03YTAwoeB-7ZJgmIyeBrEfs8&__tn__=%2CO%2CP-R

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
„Најубавата земја во Европа“ - Турист објави видео од раскошна вила во Хрватска, каде плаќа 2.500 ев... „Нема шанси Хрватска да е меѓу топ 5 европски дестинации“, „Преценета е“... Се д...
„Апокалипса“ во Хрватска по врнежите од снег и силниот ветар – откорнати дрвја, затворени училишта (... По обилните врнежи од снег, денес Хрватска, особено Загреб, се соочува со силен ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Хрватска шминкерка се трансформираше во Тоше Проески - започна со солзи во очите, коментарите трогат... „Понекогаш, додека ги слушам неговите песни, ги затворам очите и си замислувам к...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...

Најчитани неделава