Дино Мерлин пее со насолзени очи - Ѕвездите од Балканот се збогуваат со незаменливиот Ѓорѓе Балашевиќ


Дино Мерлин пее со насолзени очи - Ѕвездите од Балканот се збогуваат со незаменливиот Ѓорѓе Балашевиќ

После тажната вест за смртта на познатиот пејач и текстописец Ѓорѓе Балашевиќ, социјалните мрежи се преплавија со објави во негова чест.

dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj-01.jpg

Некои од најголемите ѕвезди на просторот на поранешна Југославија го искажаа своето сочувство, откако српските медиуми пренесоа дека денес, 19-ти февруари, почина една од најголемите ѕвезди на Балканот – Ѓорѓе Балашевиќ. После три дена во болница, пејачот, кој бил и позитивен на корона вирусот, ја изгубил битката со воспалението на белите дробови.

Сега, неговите колеги, некои од најголемите ѕвезди на Балканот, го искажуваат нивното сочувство:

„Животот е море по кое сите го бродиме својот век. Збогум панонски морнару, нека ти е вечна славата и фала“, напиша Жељко Самарџиќ.

„Почивај во мир 'панонски морнару'. Сочувство до семејството“, стои во објавата на Тони Цетински.

„Спиј мирно, голем поету... голема загуба... голема дупка... единствено ти успеваше од рамнина да направиш планина, генијалец како тебе нема да се роди повторно... никогаш! Слава ти“, пишува Тијана Дапчевиќ.

Јелисавета Орашанин Теодосиќ сподели стих од познатата Svirajte mi, jesen stize dunjo moja: „Sklon'te čaše i bokale, razbio bih svet od šale, da je samo slučajno od stakla“.

„Збогум, голем Ѓорѓе“, пишува во описот на емотивното видео на Дино Мерлин, во кое со насолзени очи ја пее Ne Volim Januar.

„Драги Ѓорѓе... фала ти што додаде малку боја во светот... Почивај во мир“, стои во објавата на Саша Ковачевиќ.

https://www.instagram.com/p/CLe8xHLDsXz/

„'Naposletku, ti si navek znala da sam svirac I da je nebo moja livada Da me može oduvati najblaži Nemirac Da ću u po reči stati Da se neću osvrtati Nikada...' Патувај мирно кон ѕвездите, поету на вечни стихови“, гласи објавата на Калиопи, во која сподели и неколку стихови од песната Naposletku.

https://www.instagram.com/p/CLe7stBnUio/

„Тажен ден за уметноста, за сите кои го сакаа и на кои им ги остави стиховите за навек. Големиот Ѓорѓе Балашевиќ, симбол на слободата и љубовта. Сочувство до семејството и пријателите“, пишува во објавата на Марија Шерифовиќ

dzvezdite-od-balkanot-se-zboruvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj-04.jpg

„Ова е нашата прва средба во 2001-ва година во Нови Сад. Случајно се сретнавме во една пицерија. Го прашав што јаде за да пишува такви текстови… се насмевна. А потоа, една вечер ми се јави и ми рече дека никогаш немал гостин на концерт и би сакал да гостувам на неговиот концерт во Нови Сад, како изненадување. Бев во Германија и ми падна телефонот од рака… не кажав ништо, не ми се веруваше, а тој продолжи: ’Ако ти е проблем поради гостувањето во Србија, ќе разберам ако ме одбиеш…‘

’Ако ме одбиеш?‘ Па првата касета што си ја купив беше Boža zvani Pub, во 1982 во Сплит.

’Дали би ми ја отпеала Virujen u te и Ja samo pjevam, тие ми се најубавите песни. Знам сè што имаш напишано… А и мојот син Алекс би сакал да дојдеш на концертот‘.

Тоа беше чувство како да сум положила сè на факултет (на мајка ми, наместо слики од матурската, ѝ ја покажувам оваа). Како деканот да ме викнал на бината, како некој најдобар студент од класот…

Вака ме најави: ’Синот ми вика – тато, сето тоа е добро, но би сакал да ја донесеш Северина на концерт‘. Луѓето во публиката се смееја и мислеа дека кажува шега. А тогаш рече: ’Каков татко би бил јас, ако не ги исполнувам сите желби… Сине, еве ја Северина…’

Ја пеев Virujen u te и Ja samo pjevam и оттогаш останавме во контакт.

Ти беше врвот, онаа јагода на шлагот, бев и Provincijalka и Devojka sa čardaš nogama. Сите жени чекаа баш таков, од тие песни… и беше таков. Не знам како да се збогувам…

Си замина стражарот на длабокото значење.

Те сака твојата Марија“, гласи емотивниот текст на Северина.

dino-merlin-pee-so-nasolzeni-ochi-dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj10.jpg

„Не се познававме... Но за сè што направи, како и за сè што долго, долго никој нема да направи... Капата доле!“, напиша Жељко Јоксимовиќ.

dzvezdite-od-balkanot-se-zboruvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj02.jpg

„Само ќе замолчам. Нека ти е лесна црната земја“, пишува во објавата на Халид Бешлиќ.

dzvezdite-od-balkanot-se-zboruvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj03.jpg

„Ова е крај на една ера. Пораснавме со тебе и твоите песни и концерти. За еден живот ни остави повеќе отколку што некој би оставил за сто животи. Вечерва Нови Сад е најтажниот град. Почивај во мир драг Ѓорѓе“, пишува на објавата на Фејсбук профилот на бендот The Frajle.

dino-merlin-pee-so-nasolzeni-ochi-dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj-05.jpg

dino-merlin-pee-so-nasolzeni-ochi-dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj06.jpg

dino-merlin-pee-so-nasolzeni-ochi-dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj-08.jpg

dino-merlin-pee-so-nasolzeni-ochi-dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj-09.jpg

Би можело да ве интересира:

На 67-годишна возраст почина легендарниот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ Српскиот портал Blic пренесува дека денес починал познатиот српски пејач Ѓорѓе Б...
Трогателни видеа: Нови Сад се збогува од Ѓорѓе Балашевиќ – одекнуваат неговите стихови и се палат св... Заминувањето на неповторливиот Балашевиќ допре длабоко до сечие срце, а Нови Сад...
„Доцневме на сопствената свадба“ – Љубовната приказна на Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ е бајка која ќе г... Љубовната приказна на Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ е една од најромантичните и нају...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg