Прекрасен гест на српско училиште во чест на Балашевиќ: „Ќе направиме парк со 68 багреми, оние за кои пееше“

„На просторите на поранешна Југославија не постои некој кој не бакнувал, танцувал, тагувал, плачел, лудувал на песна од Балашевиќ, или барем да се наежил“ – изјавува директорот на училиштето во близина на Ниш кое ќе му оддаде почит на Ѓорѓе со парк посветен на него.

prekrasen-gest-na-uchilishte-vo-nish-vo-chest-na-balashevikj-kje-napravime-park-so-68-bagremi-onie-za-koi-peeshe-01.jpgфото лево: Фејсбук - Ѓорѓе Балашевиќ / фото десно: Фејсбук на училиштето

Смртта на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ остави тага насекаде низ просторите на поранешна Југославија, а луѓето му оддаваат почит на секој можен начин.

Основното училиште „Бранислав Нушиќ“ кое се наоѓа во близина на Ниш, изненади со прекрасен гест – во школскиот двор ќе направат парк со 68 багреми, како оние за кои тој пееше, а бројот на багреми е одбран како симбол на неговата возраст – Ѓорѓе почина во 68-мата година од неговиот живот.

prekrasen-gest-na-uchilishte-vo-nish-vo-chest-na-balashevikj-kje-napravime-park-so-68-bagremi-onie-za-koi-peeshe-02.jpgфото: Фејсбук на училиштето

„Не верувам дека на просторите на поранешна Југославија постои некој кој не бакнувал, танцувал, тагувал, плачел, лудувал на песна од Балашевиќ, или барем да се наежил. Ја имаме таа привилегија дворот да ни е ботаничка градина и заради своите садници е позната и надвор од границите на нашата земја.

Одлучивме да посадиме 68 садници на бел багрем, унгарски, оној за кој тој пееше, и еден дел од дворот ќе го претвориме во Парк на Ѓорѓе.

Причини за ова има премногу. За еколошките и едукативните не мора да зборуваме, а покрај нив, ќе му оддадеме чест на Балашевиќ и на сите оние кои настрадаа од ковид-19, ќе имаме поздрав воздух и ладовина на местото каде што некои нови клинци ќе се заљубуваат, одљубуваат, ќе се сакаат и ќе учат“ – изјавил за српските медиуми Марко Ристиќ, директор на училиштето.

prekrasen-gest-na-uchilishte-vo-nish-vo-chest-na-balashevikj-kje-napravime-park-so-68-bagremi-onie-za-koi-peeshe-03.jpgфото: Фејсбук на училиштето

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресна исповед на мајка на девојче убиено во масакрот во „Рибникар“: „Ми недостасува секоја секунд... „Не му било доволно еднаш, двапати, трипати, тој седумпати ја застрела ќерка ми....
„Ќе го пријавам сопругот за силување“ - Нова драма на Ана Николиќ, неколку дена по свадбата на Малди... „Господинот Рале дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но. ...
Харис Џиновиќ за свадбата на бившата Мелина: „Што сака нека прави, да не бев јас, ништо од тоа немаш... „Не ме интересира што се пишува, ниту ме интересираат случувања поврзани со неа....
Азис си стави импланти во градите и се огласи од болница: „Ќе имам убави машки спортски гради“ „Мојот омилен доктор ми постави МАШКИ, нагласувам МАШКИ, градни импланти. 600 ку...
Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...
Сале Тропико, бившиот на Јована Пајиќ, за мозочниот удар: „Имав чувство дека има земјотрес, сè ми се... „Се паркиравме и со децата влеговме во трговскиот центар и им велам: „Дали има н...

Најчитани неделава