„Домот ни се тресеше како брод“ – Снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција

Земјотресот кој утринава се почувствува и низ градовите во Македонија, всушност беше со епицентар во Грција, во близина на Лариса, а покрај силниот земјотрес од 6.3 степени по Рихтер, имаше уште низа последователни послаби потреси.

domot-ni-se-treseshe-kako-brod-snimki-od-silniot-zemjotres-koj-ja-pogodi-grcija-01.jpg

Утрово околината на Трикала и Лариса ја погодија неколку послаби потреси од 2-3 степени според Рихтер, по кои следеше силен од 6.3 степени, кој се почувствува дури и во Македонија.

domot-ni-se-treseshe-kako-brod-snimki-od-silniot-zemjotres-koj-ja-pogodi-grcija-02.jpg

По овој силен земјотрес, тлото во Грција не е мирно и досега беа регистрирани уште десетина афтершокови од 3 до 5 степени, a сеизмолозите за грчките медиуми велат дека веројатно тоа бил најсилниот потрес, но не можат со сигурност да потврдат дека нема да има посилен. 

Граѓаните веднаш по силниот земјотрес ги напуштија домовите и според видео-снимките ги преплавија улиците.

Според сведоштвата на сајтот на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, оние во близина на епицентарот велат дека траел долго, паѓале работи и домот им се тресел како брод. 

Во местата каде што има постари градби има и оштетувања на објектите, а локалците велат дека не почувствувале посилен земјотрес. 

Надлежните препорачуваат граѓаните да останат да отворено и да пријават ако забележат штети. 

Некои успеале да го уловат моментот на потресот (повеќето се од силниот), а на социјалните мрежи се споделуваат и снимки од безбедности камери во локали:

https://www.youtube.com/watch?v=V6IcXhmb7Gk&ab_channel=indianbackpackereurope

https://www.youtube.com/watch?v=Z6zjDt5HsSM&feature=emb_title&ab_channel=Xalasis715

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бакнежи со Јелена, забава со децата во Грција – Новак Ѓоковиќ ужива на јахта на Миконос и Парос (фот... Додека грчките медиуми пишуваат дека тенисерот бара имот и училиште во Атина за ...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Туристи во Грција добија казна од 250 евра за користење СУП даска без елече за спасување Вирално се шири видео од туристи кои добиле казна од 250 евра за веслање со СУП ...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
Сале Тропико, бившиот на Јована Пајиќ, за мозочниот удар: „Имав чувство дека има земјотрес, сè ми се... „Се паркиравме и со децата влеговме во трговскиот центар и им велам: „Дали има н...
Може да одгризе прст – Колку е опасна отровната пуфер риба која почна да се појавува во Грција? Во водите на Грција периодов е забележан зголемен број на таканаречената отровна...

Најчитани неделава