„Сите забави и патувања се изрежирани“ – Секси Словенка открива како е да се работи за Ден Билзеријан, кралот на Инстаграм

Ула Шемол е атрактивна девојка од Словенија која живее на Бали и е првата од регионот која работела за самопрогласениот „крал на коцката и Инстаграм“, Ден Билзеријан – таа раскажува како изгледа неговиот живот во реалноста.

site-zabavi-i-patuvanja-se-izrezhirani-seksi-slovenka-otkriva-kako-e-da-se-raboti-za-den-bilzerijan-kralot-na-instagram-01.jpg

Помеѓу многуте згодни девојки кои го исполнуваат неговото секојдневие, се нашла и девојка од Балканот, згодната Ула Шемол.

Пред неколку години таа ја напуштила Словенија и заминала на Бали со својот избраник, каде продолжила да живее и по раскинувањето со партнерот, а подоцна потпишала и договор со Билзеријан, за што вели дека било понуда која не се одбива.

„Мислам дека тој заслужува поголема титула од онаа по која е познат, многу научив од разговорите со него. Него навистина не му е грижа што мислат луѓето за него. Тој е токму тоа што се гледа, не може да се одглуми до толку“ – открива Ула за медиумите од регионот.

Иако според Ула, животот на Билзеријан не е ништо поразлично од тоа што се гледа на Инстаграм, сепак таа вели дека зад овој „совршен“ приказ стои многу голема продукција и дека сите забави и патувања се однапред изрежирани.

„Не е тоа некоја уживанција. Сите мораат да знаат што прават, но тоа што ние го гледаме е како да гледаме реално шоу. Тоа е изрежирано, не е само да се облечат бикини и да се снима, тука има голема продукција, многу луѓе стојат зад тоа, 100 луѓе работат на проектот кога се оди на пат или се прави забава. Има многу нацрти и планирања и на крајот кога сите треба да се забавуваат, сите се изморени.“

Ова е уште еден доказ дека иако Инстаграм фотките и видеата изгледаат како некој да води совршен и лесен живот, сепак не е сѐ толку природно и едноставно.

Прочитајте и Од каде потекнува богатството на Дeн Билзеријан?

Погледнете како изгледа атрактивната Словенка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трог... „Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дек...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
Маид Хеќимовиќ направи забава за откривање на полот на 4-тото дете - Се прослави во „Х-фактор“ со Да... Даниел Кајмакоски напиша: „Маиде, честитки од срце… Мора да е некоја кралица што...
Десет години е помлада од него, потекнува од Источна Европа: Која е згодната девојка на Махмут Орхан... Махмут Орхан ја потврди врската со моделот Дарија со заедничка Инстаграм објава,...
„Полуда е од мене“ - Огњен Амиџиќ откри зошто ја обожава втората сопруга, со која неодамна доби ќерк... „Мина е фантастична и ѝ го кажав тоа, веднаш штом се запознавме. Мене ми е многу...

Најчитани неделава