Баба Милоратка (86) по холивудската трансформација: „Кога би ме видел покојниот маж би се зачудил колку сум згодна“ (видео)

„Да ме види покојниот сопруг би рекол 'Боже што си згодна, уште да најдеш некој чичко' - вели во новите видеа баба Милоратка, која стана Инстаграм хит откако нејзиниот внук, стилистот Александар Драмиќанин, неодамна ја објави трансформацијата со шминка и фризура која ја претвори во холивудска дива. 

Baba-Miloratka-86-shto-stana-hit-so-holivudskata-transformacija-Koga-bi-me-videl-pokojniot-maz-bi-se-zachudil-kolku-sum-zgodna-01.jpg

Баба Милоратка стана вистински Инстаграм хит и го освои Балканот во текот на минатиот месец кога нејзиниот внук Александар Драмиќанин ги објави фотографиите од трансформацијата на неговиот профил.

Тој ја нашминкал неговата баба Милоратка (86), ѝ ја средил фризурата и со помош на нова облека покажа дека и таа може да изгледа како филмска дива. Објавата на уметникот стана вистински хит на социјалните мрежи, а за него почнаа да зборуваат и оние што досега воопшто и не знаеле за неговата работа.

Александар сега повторно ја објави својата баба, во две нови видеа до кои напиша: „Ја обожавам.“

Во првото видео, баба Милоратка скромно се заблагодарува за популарноста што ја стекнала со трансформацијата.

„Што да кажам, ви благодарам на сите и што ќе сум ви јас. Ти благодарам тебе најмногу што го направи тоа. Никој друг не го направи тоа, освен ти“ – вели таа во првото видео.

На второто видео ја гледаме баба Милоратка како се фотографира во фустанот што српските медиуми објавија дека е ист како оној што го носела Анастасија Ражнатовиќ во нејзиниот спот за песната „Волим те“. 

Александар ја потпрашува баба Милоратка што би ѝ рекол Стеван, нејзиниот покоен сопруг, кога би ја видел, а таа одговара:

„Па ништо, би рекол 'Боже што си згодна, уште да најдеш некој чичко'. Многу сум убава“ – вели таа.

Како што појаснуваше Александар кога ја направи трансформацијата, тој минатата година за време на карантинот за првпат одлучил да ја дотера баба му, а сега повторно го повториле просецот.

„Баба ми, како и поголемиот број жени што живеат на село, не се шминка, не ја бои косата и носи марама. Но, тоа е жена што плени со внатрешна и надворешна убавина и така дојдов до идеја да ја средам“ - откри тогаш Александар за срспките медиуми.

Baba-Miloratka-86-shto-stana-hit-so-holivudskata-transformacija-Koga-bi-me-videl-pokojniot-maz-bi-se-zachudil-kolku-sum-zgodna-povekje-02.jpg

Мора да признаеме дека со најновите видеа можевме да видиме дека овие трдења на Александар навистина се точни и дека баба Милоратка навистина плени со внатрешната убавина и со скромноста, но и со смислата за хумор.

Прочитајте повеќе: Баба Милоратка (86) од Србија е Инстаграм хит со драстичната трансформација - шминката и фризурата прават чуда

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Хит реакција на оженет српски пејач - откако девојка му даде свој број на ливче, среде настап (видео... „Објасни дека е оженет, ама бројот не го фрли“, гласи еден од коментарите на Тви...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...

Најчитани неделава