Северина доби старателство над синот - каде ќе живеат, колку дена ќе биде со неа, а колку со Милан Поповиќ

„Пресудата говори за тоа дека никогаш немало причина за да ми го одземат детето“ - хрватската пејачка Северина не ја крие среќата откако со правосудна одлука на судот во Сплит, повторно ѝ беше вратено старателството врз синот Александар (8).

severina-znam-deka-ushte-ne-e-gotovo-no-deteto-si-doagja-doma-barem-na-polovina-vreme-01.jpg

По 20-месечна битка за старателство со поранешниот партнер Милан Поповиќ и по разводот со Игор Којиќ, хрватската пејачка Северина конечно доби убави вести – го врати делумно старателството над синот Александар.

Според деталите што ги објавуваат хрватските медиуми со сегашната одлука, Александар по 14 дена месечно ќе живее со мајка му во Загреб, а исто толку и со неговиот татко Милан Поповиќ, исто така во Загреб. Тоа значи дека Поповиќ веќе нема да може да го носи детето во Србија за да живее таму со него.

Со правосилна одлука Северина исто така нема веќе да плаќа месечна алиментација од 160 евра колку што плаќала до сега.

„Пресудата говори за тоа дека никогаш немало причина за да ми го одземат детето. Мрежата разработени поединци во центрите, во судовите и во некои клиники ми даде 20 месеци тага и 8 години судски пекол. Знам дека не е готово, но знам дека детето ќе си дојде, па макар на половина време. Битката е добиена и им благодарам на сите што се со мене, изјави меѓу другото Северина, а пренесува Jutarnji.hr

По 20-месечна борба и голгота таа конечно може слободно да ужива со својот син, а веднаш побрза на социјалните мрежи да објави фотографија како на лежалка на плажа ужива со него.

„Љубовта со љубов се враќа“ – напиша таа до фотографијата.

По ова следеа голем број лајкови и коментари:

„Мајка си е мајка и со неа никој не може да се спореди“, „Ти си најсилната жена на светот“, „Никогаш не ни смееја да ви го одземат детето“ – се само дел од коментарите што следеа до објавата.

 severina-znam-deka-ushte-ne-e-gotovo-no-deteto-si-doagja-doma-barem-na-polovina-vreme-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...
Синот (13) на Северина израсна во тинејџер - Уживаат на скијање во Австрија (фото) „Ние поминавме низ еден тежок животен пат, но тој сега е со мене и израсна во ед...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...

Најчитани неделава