И покрај јавната исповед не престануваат обвинувањата за Бака Прасе – Со какви проблеми се соочува младиот јутјубер?

И покрај јавната исповед на српскиот јутјубер Бака Прасе за смртта на младата јутјуберка и инфлуенсерка Кристина Ѓукиќ, не стивнуваат критиките и проблемите за младиот Србин. Огромен број граѓани од регионот потпишуваат петиција за да му се одземе Јутуб каналот.

i-pokraj-javnata-ispoved-ne-prestanuvaat-obvinuvanjata-za-baka-prase-so-kakvi-problemi-se-soochuva-mladiot-jutjuber-01.jpg

По смртта на младата јутјуберка Кристина Ѓукиќ (21) прв на осуда се најде српскиот јутјубер Богдан Илиќ (25) познат како Бака Прасе. Покрај Јутуб заедницата, српскиот јутјубер се најде на удар и на дел од родителите што сметаат дека неговите содржини поттикнуваат на насилство.

Тој минатата недела објави подолго видео во кое објасни што се случувало помеѓу нив двајца заради драмата во која тие биле пред 2 години, кога преку видеа се препукувале, а од почит кон починатата, тој најави дека ќе ги избрише видеата. Освен тоа, како што појасни, за прегледот на видеото, што досега е прегледано 1,9 милиони пати, нема да наплаќа.

i-pokraj-javnata-ispoved-ne-prestanuvaat-obvinuvanjata-za-baka-prase-so-kakvi-problemi-se-soochuva-mladiot-02.jpg

По обвинувањата, Илиќ дури беше и приведен, но по 4 часа распит, беше ослободен од полицијата.

Сепак, иако доби голем број коментари за поддршка од неговите следбеници, голем е бројот на оние што упорно покажуваат со прст кон него и прават напори за тоа да му се одземе можноста да објавува нови содржини на своите Јутуб канали.

View this post on Instagram

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

На веб сајтот peticije.online граѓаните од регионот масовно потпишуваат петиција за да му се одземе каналот на Илиќ и да му се забрани да емитува содржини. Досега петицијата ја потпишале повеќе од 22.000 граѓани од сите земји, а само од Србија потпис ставиле повеќе од 14.000 граѓани.

„Заради немилиот настан што се случи, кога младата јутјуберка си го одзеде животот врз себеси заради булинг, насилство, навреди и понижувања и закани, а сѐ започна со песната и прозивката на Бака Прасе, ги молам сите луѓе да ја потпишат петицијата да се забрани појавување на Бака Прасе затоа што неговите содржини не се здрави за децата и неговите содржини повикуваат на поттикнување омраза“ – стои меѓу другото во описот на петицијата.

Во видеото што Бака Прасе го објави на својот Јутуб канал појасни дека не чувствува вина за смртта на младата девојка и дека иако пред 2 години биле во расправија, сепак во последниот период се зближиле и имале идеја за заеднички проекти.

Со солзи во очите тој призна дека не му е лесно заради трагедијата, ниту пак за тоа што сите го нарекуваа убиец.

„Луѓето ми пишуваат дали сум среќен што ова сум го постигнал, мислите ли дека не ми е криво за сè? Мислите дека не се чувствувам делумно одговорен?

Јас сум тој што ја прозиваше и фала Богу што нејзините пријатели ми се јавија и ми кажаа дека не сум јас виновен и ми набројаа со кои проблеми се соочувала, бидејќи имала свои демони со кои не можела да се избори. Но ова нема врска со интернет насилство.“

Освен заради прозивките, српскиот јутјубер наиде и на обвинувања затоа што не се појавил на погребот на младата Кика.

Тој тврдеше дека не отишол на погребот затоа што тоа од него го побарале членовите на нејзиното семејство, но мајката на Кика, Наташа, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која, меѓу другото, напиша:

„Јас никому не забранив да дојде. Кој сака ќе најде начин, а кој не сака ќе најде изговор.“

Јутуб каналот на Бака Прасе го следат нешто помалку од два милиони следбеници. Тој исто така има уште два канала Бака Сепра со 383.000 следбеници и Бака Прасе ТВ со 162.000 следбеници, но не е активен на нив во последните неколку месеци.

Нема податоци колку српскиот јутјубер точно заработува од Јутуб каналите, но доколку биде уважена петицијата Бака Прасе ќе се соочи со сериозни проблеми.

Инаку, ова не е првпат Бака Прасе да има проблеми и да се соочува со обвиненија. Во 2020-та година тој се соочи со обвиненија за педофилија, што веднаш ги негираше и тогаш најави тужби.

Прочитајте и Стан од 2,5 милиони евра, скандал за педофилија: Бака Прасе (23) - најпознатиот српски Јутубер

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Неда Украден изгледа совршено на плажа во бело бикини на 73 години - Која е тајната на нејзината фит... „Секоја чест жено, ако ова не е Фотошоп тогаш ти симнувам капа“ – коментираат сл...
Каде се денес актерите од „Кога лисјата паѓаат“? Таткото Али Риза, мајката Хајрие, петте деца, ќерките Фикрет, Лејла, Неџла и Ајш...
Ја отпеа „Тек је 12 сати“, на 53 години изгледа подобро отколку во младоста – Каде е денес Вана од „... „Откако ја снимивме ‘Тек је 12 сати’, веќе ништо не беше исто. Песната стана мег...
Атмосферата во „Белград на вода“, преку објективот на инстаграмџииите Денски мами воздишки, но навечер „Белград на вода“ има посебна душа, кога ќе се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg