Јована Јоксимовиќ беше возбудена што глуми во „Тома“, но во филмот ја немаше – зошто?

Јована беше пресреќна и возбудена, па дури и сама јавно говореше за тоа како игра во филмот „Тома“, но публиката немаше можност да ја види во финалната верзија. Што се случи со сцените во кои играше познатата српска водителка и новинарка, која е и сопруга на Жељко Јоксимовиќ?

jovana-joksimovikj-beshe-vozbudena-shto-igra-vo-filmot-toma-no-zoshto-ne-ja-vidovme-na-golemoto-platno-01.jpg

Филмот „Тома“ ја освои балканската публика и истиот е снимен во режија на Зоран Лисинац, а Драган Бјелогрлиќ и Жељко Јоксимовиќ се јавуваат како продуценти.

Малкумина знаат дека во филмот играла и сопругата на Жељко (49), Јована (40), но нејзините сцени немавме можност да ги видиме во финалната верзија што беше прикажана на големото платно.

Во филмот „Тома“, Јелена играше улога на новинарка, за што и самата беше мошне возбудена и говореше во својата новогодишна емисија.

„Мене Бјела во еден миг ми кажа дека пишува улога за мене, затоа што во филмот им треба новинарка. Го прашав дали играм некоја позната новинарка, а тој рече: ’Непозната, но немој да се грижиш‘.

Дојдов на снимањето возбудена и среќна. Веднаш забележав дека имам малку текст. Жељко цело време мудро молчеше и ме бодреше, а потоа сфатив дека ќе се појавам само десет секунди“ – рече таа одамна, а пренесе Blic.

Јована сцените ги снимала со актерот Милан Мариќ кој ја толкуваше главната улога на Тома во филмот, но тие биле избришани во финалната монтажа на филмот.

Инаку, во најава е и нова српска ТВ серија Тома, која, како што појасни самиот режисер Зоран Лисинац за Hello.rs ќе се разликува од филмот и ќе ги опфаќа сите жени на Тома Здравковиќ.

„Серијата има осум епизоди. Ги опфаќа сите жени на Тома. Потемелно го следи неговиот живот, а ќе има околу 400 минути материјал“ – рече тој.

Дали во серијата ќе бидат вметнати и сцените во кои игра Јована останува да видиме.

Прочитајте и Факти за Јована Јоксимовиќ (40) - раскина свршувачка за Жељко Јоксимовиќ, па доживеа бајковита свадба со него на Малдиви

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ? „Да бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку шт...
Јована Пајиќ, која ја поврзуваа со Марија Шерифовиќ: „Не сум спремна за нова љубов, ги одбивам мажит... „Моите другарки ми најдоа стан за да се преселам. Искрено, имам дупка во ме...
Татко ѝ се самоубил, доби дете со хрватски актер – Факти за актерката Јована Стојилковиќ Сите ѝ велеле да го следи славниот дечко кој станал кошаркар во НБА и да си зами...
Жељко Јоксимовиќ прослави со најважните жени во животот: Сопругата Јована - светски гламур, ќерка му... Жељко Јоксимовиќ видно расположен, позираше со oгромна торта на забавата по пово...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg