Видеото што ја стопи цела Србија: Татко без нозе во инвалидска количка го влече детето на снегот

Љубовта на таткото не познава граници. Тоа што еден татко го направи за да му овозможи и на неговото дете да ја почувствува радоста на снегот ја разнежи и ја стопи цела Србија.

videoto-shto-ja-stopi-cela-srbija-tatko-bez-noze-vo-invalidska-kolichka-go-vleche-deteto-na-snegot-01.jpg

Делови од Србија деновиве се под снег, а меѓу нив беше и градот сремска Митровица. Додека за возрасните снегот може да претставува проблем, тоа не е така и за најмалите.

videoto-shto-ja-stopi-cela-srbija-tatko-bez-noze-vo-invalidska-kolichka-go-vleche-deteto-na-snegot-02.jpg

Децата се оние што најмногу се радуваат на снегот и додека голем број родители не се во можност да излезат и да си играат со нивните деца и да им дозволат да уживаат во снежните лудории, она што овој татко без нозе го направил разнежи и расплака многу срца во цела Србија.

videoto-shto-ja-stopi-cela-srbija-tatko-bez-noze-vo-invalidska-kolichka-go-vleche-deteto-na-snegot-03.jpg

На Фејсбук страната Moj grad Sremska Mitrovica се појави видео со насловот „Татковската љубов е преубава“, на кое се гледа како неподвижниот татко за да го израдува сопственото дете и за да му овозможи и тоа да се радува на снегот со јаже закачил гума за пливање на неговата количка и ја влече ќеркичката која ужива во возењето.

videoto-shto-ja-stopi-cela-srbija-tatko-bez-noze-vo-invalidska-kolichka-go-vleche-deteto-na-snegot-05.jpg

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а во моментов има над 11.000 лајкови.

„Тато може сѐ“, „Не се сите татковци такви“, „Браво тато“ – се само некои од пофалните коментари што овој татко ги доби по објавата.

Погледнете го видеото во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава