Кој е Флорист Бајгора, косовскиот заводник што ја освојува публиката со улогата во „Беса“? (фото)

Флорист Бајгора ја освои балканската публика со улогата во серијата „Беса“. Иако е мошне млад (26) досега играл во повеќе филмови, а со улогата во серијата The Gangs of London започнува да ја гради светската кариера. Кој е Флорист Бајгора?

koj-e-florist-bajgora-kosovskiot-zavodnik-shto-ja-osvojuva-publikata-so-ulogata-vo-besa-foto-01.jpg

Младиот и талентиран актер од Косово, Флорист Бајгора на балканската јавност ѝ стана познат по улогата на Дритон Бериша во серијата „Besa“, како и по улогата на Јусуф во „Нечиста крв“.

Станува збор за мошне млад и талентиран актер кој ја воодушеви балканската публика.

Флорист Бајгора е роден во Приштина на 18-ти јануари 1995-та година и во моментов има 26 години.

zavodnikot-od-kosovo-ja-osvojuva-balkanskata-publika-koj-e-florist-bajgora-02.jpg

Toj е драмски и филмски актер кој зад себе има повеќе значајни улоги. Освен Флорист, во семејството Бајгора има уште еден актер, a тоа е брат му Анди со кого во 2018-та година играа во филмот Kiem Holijand на холандската режисерка Сара Велтмејер.

Филмот беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал, но се прикажа и на Интернационаллниот фестивал на кратки филмови во Палм Спрингс, САД.

zavodnikot-od-kosovo-ja-osvojuva-balkanskata-publika-koj-e-florist-bajgora-06.jpgфото: imdb.com

Флорист исто така игра и во ТВ серијата The Gangs of London каде ја толкуваше улогата на Бесимир. Серијата The Gangs of London се снимаше во 2020-та година, а во 2022-та се очекува да почне да се емитува втората сезона.

Флорист говори албански, англиски и француски јазик, но не говори ниту еден друг од словенските јазици, иако за улогата на Јусуф во „Нечиста крв“ говореше на српски.

zavodnikot-od-kosovo-ja-osvojuva-balkanskata-publika-koj-e-florist-bajgora-04.jpg

Креаторот на серијата „Беса“ вели дека било мошне тешко да ги натераат косовските актери да толкуваат улоги на албански криминалци во српски серии:

„Најголемиот предизвик беше што моравме да стекнеме доверба кај актерите од Косово. Моравме да одиме во Приштина за да ги убедиме да играат криминалци во српска серија, што воопшто не беше лесно. Ги добивме моментално трите најголеми ѕвезди во Косово, со Арбен Бајрактарај (Дардан Бериша) на чело, кој игра од почетокот до крајот“ - изјави тој за kurir.rs.

zavodnikot-od-kosovo-ja-osvojuva-balkanskata-publika-koj-e-florist-bajgora-05.jpg

Погледнете повеќе фотографии од Инстаграм профилот на Флорист:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Српски модел, со светска кариера, постојано јавно разменува нежности со девојката (фото) Сандра Кариќ е прекрасна русокоса и сон на многу мажи, но таа веќе 5 години е во...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава