Зошто Милан Мариќ за мене е најдоброто од Србија? „Тома“ и „Беса“ ми се доказ за тоа!

zoshto-milan-marikj-za-mene-e-najdobroto-od-srbija-toma-i-besa-mi-se-dokaz-za-toa-01.jpg

Не знам за вас, но јас се „опседнав“ со Милан Мариќ.

Неверојатно талентиран, со раскошна палета на улоги - од Тома во истоимениот филм до Лука во врвната српска серија Беса, тој блеска апсолутно во секоја улога.

Толку природно глуми и едноставно е совршен во секоја улога.

Висок, црномурен, мистериозен, самоуверен, едноставно остава впечаток со појавата.

Дури и со раскошен талент за пеење, што докажа деновиве со изведбата на песната „Поноч“ од филмот „Тома“ во една новогодишна емисија.

Плус, некако изгледа како да не е во трка за слава, туку како да сака да стави фокус на квалитетот на глумата, дефинитивно шлагот од српската кинематографија.

Наредна на листата ми е серијата „Државни службеник“, каде Милан се појавува во главна улога и верувам дека нема да ме разочара.

Некако помоќен ми е и од Милош Биковиќ и од Милан Калиниќ и од Андрија Милошевиќ, актери од Србија кои си ги обожавав.

Сега целиот мој интерес е концентриран на него.

Прифаќа улоги од различен тип, се посветува на секоја една од нив максимално, и не му е проблем дури и да симне или качи по 20 килограми за улога.

Има некој посебен сексапил во него, зарем не?

Искрено мислам дека Милан е најдоброто од Србија и дека неговото време допрва доаѓа.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Полуда е од мене“ - Огњен Амиџиќ откри зошто ја обожава втората сопруга, со која неодамна доби ќерк... „Мина е фантастична и ѝ го кажав тоа, веднаш штом се запознавме. Мене ми е многу...

Најчитани неделава