Турската актерка позната како Шехерезад објави емотивни фотки од тешкото породување: „Плачеше со мене додека трпев болки“

„Со тебе сè е целосно и вистинско. Тоа не е само краткотрајно пријателство. Ти си ми повеќе од сестра“ - со овие зборови турската актерка Бергузар Корел ѝ се заблагодари на својата пријателка која била со неа за време на породувањето и објави нови фотографии.

akterkata-poznata-kako-sheherezad-pokazha-novi-fotki-od-teshkoto-poroduvanje-i-pokazha-koj-bil-so-nea-celo-vreme-01.jpg

Турската актерка Бергузар Корел (39) која е позната по улогата на Шехерезад од турската серија „1001 ноќ“ објави нови експлицитни фотографии од породувањето со нејзината ќерка Лејла и покажа кој бил постојано со неа.

Турските актери Бергузар Корел и Халит Ергенч (51), кај нас познати како Шехерезад и Онур во ноември минатата година станаа родители по третпат и ја добија ќерката Лејла.

Бергузар тогаш објави повеќе фотографии од породувањето, до кои опиша со какви компликации се соочила и дека породувањето траело цели 11 часа.

Сега, два месеци подоцна, актерката сподели нови фотографии, но, целта ѝ е да покаже кој бил со неа цело време и да ѝ се заблагодари на нејзината пријателка, актерката Бејза Шекерџи (34).

„Со тебе сè е целосно и вистинско. Тоа не е само краткотрајно пријателство, со услови и по потреба. Воопшто не е ниту другарство. Ова ми го покажуваш постојано со твоето присуство.

Никогаш, ниту во еден миг не ми ја пушти раката. Ти беше мошне возбудена со мене, не само кога бев тажна, туку и кога бев среќна. Тоа многу ми значи.

Не ме напушти во текот на целата бременост и кога се породував, ми даде сила така што плачеше заедно со мене додека трпев болки. Ти си ми повеќе од сестра“ – ѝ порача, меѓу другото, Бергузар на својата пријателка.

Таа објави уште неколку фотографии од породувањето, на коишто се гледа дека Бејза е постојано со неа.

Погледнете ги фотографиите во продолжение:

akterkata-poznata-kako-sheherezad-pokazha-novi-fotki-od-teshkoto-poroduvanje-i-pokazha-koj-bil-so-nea-celo-vreme-02.jpg

akterkata-poznata-kako-sheherezad-pokazha-novi-fotki-od-teshkoto-poroduvanje-i-pokazha-koj-bil-so-nea-celo-vreme-03.jpg

akterkata-poznata-kako-sheherezad-pokazha-novi-fotki-od-teshkoto-poroduvanje-i-pokazha-koj-bil-so-nea-celo-vreme-04.jpg

Прочитајте и Турската актерка позната како Шехерезад објави потресни фотки: „Се породував 11 часа, имаше компликации“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Заради неа се изборив со своите слабости“ – Никола Роквиќ романтичен за 10-годишнина од брак „Заради неа се изборив со своите слабости... Заради неа се трудев да бидам подоб...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...

Најчитани неделава